Пет07102020

Последна промена07:02:02 PM

SCREEN

Cpanel

  

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Вонредна состојба во Хонг Конг поради корона вирусот

Вонредна состојба во Хонг Конг поради корона вирусот

Сподели

Хонг Конг објави вонредна состојба за корона вирусот. Објавени се и  мерки за ограничување на врските на градот со континентална Кина поради новиот коронавирус.

 

Училиштата, кои сега се на одмор за Лунарната нова година, ќе останат затворени до 17 февруари. Летовите до и од Вухан, каде започна инфекцијата, ќе бидат стопирани, како и движењето на брзите возови.

Пет случаи на заболени од коронавирус се потврдени од локалните здравствени власти. Други 122 лица се лекуваат од сомнителна инфекција.

Јапонија го потврди третиот случај на инфекција – 30-годишна жена која живее во Вухан, која пристигнала во Јапонија на 18 јануари, соопшти Министерството за здравство.

Во Австралија, болните веќе се четири во два различни града. Малезија објави за први случаи на заболени од новиот коронавирус на своја територија.

Од каде потекна вирусот?

На крајот на декември, здравствени лица од Кина ја известија Светската здравствена организација дека имаат проблем: непознат, нов вирус предизвикувал болест слична на пневмонија во градот Вухан. Тие брзо утврдија дека станува збор за коронавирус и дека брзо се шири низ и надвор од Вухан.

Коронавирусите се чести кај животните од сите видови, а понекогаш може да се развијат во форми што можат да ги заразат луѓето. Од почетокот на веков, два други коронавируси скокнаа на луѓето, предизвикувајќи ја епидемијата на САРС во 2002 година и епидемијата на МЕРС во 2012 година.

Научниците сметаат дека овој нов вирус првпат станал способен да премине кај луѓе во почетокот на декември. Се чини дека прво се заразиле луѓе на пазарот со морска храна во Вухан, и се проширило од таму.

Типот на животното од кое потекнува вирусот не се знае. Еден тим истражувачи во Кина објавија извештај во кој се тврди дека потекнува од змии, врз основа на генетскиот код на вирусот. Сепак, научниците се мошне скептични кон тој заклучок. Друга анализа открила дека генетската секвенца на новиот вирус е 96 проценти идентична со еден коронавирус пронајден кај лилјаците. И САРС и МЕРС потекнуваат од лилјаци.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK