Саб05152021

Последна промена02:29:29 PM

SCREEN

Cpanel

   

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Сестра Тина Гоџоска од Инфективно Охрид: Тагуваме за секој изгубен живот, оздравените ги испраќаме со насмевка

Сестра Тина Гоџоска од Инфективно Охрид: Тагуваме за секој изгубен живот, оздравените ги испраќаме со насмевка

Сподели

Тина Гоџоска, медицинска сестра од Инфективното одделение во Општата болница во Охрид: Тагуваме за секој изгубен живот, оздравените ги испраќаме со насмевка.

 

 

Здравствените работници секојдневно се соочени со предизвикот да се спаси секој еден заболен од ковид-19. Деновите се тешки, уморот е голем, но и тагата бидејќи бројот на починати на дневна основа никако не се намалува.

Медицинската сестра Тина Гоџоска од Инфективното одделение во Општата болница во Охрид, секое утро е на работа. Се грижи и за хоспитализираните, но и за оние кои доаѓаат на преглед амбулантски. Работата со најтешко заболените кои се борат за живот е нешто што не би сакала никогаш да се повтори.

„24 часа сме ангажирани, со пациенти сме и на одделение и во амбуланта, постојана грижа делење терапија, охрабрување во нивните тешки денови. Тука сме за нив. Се случува и тие да не охрабруваат да издржиме, взаемно си помагаме и се бодриме. Не имаат само нас. Тешки се овие денови и затоа сме посебно среќни што голем број си заминаа од тука здрави. Со насмевка ги испраќаме“, вели Гоџоска.

Работи веќе 25 години, последнава ковид-година ситуацијата ги зближила во секојдневна борба низ тешки и болни моменти, но и среќни кога ги испраќаат оздравените пациенти. Уморот е голем, но сила имаме да издржиме до крај, вели Гоџоска.

Првите месеци од пандемијата биле најсташни, не знаеле со што се соочуваат, но подоцна сфатиле дека заштитната опрема, скафандер, три пара ракавици, каљачи, маски може да ги заштити од смртоносниот вирус.

Гоџоска додава дека на самиот почеток од пандемијата воопшто не се гледала ниту со домашните ниту со блиските пријатели. Приватниот живот на здравствените работници потполно се сменил.

„Не се гледавме со постарите, внимаваме да не ги заразиме. Сега со вакцината ќе може некако полесно да функционираме“, вели Гоџоска која за среќа не заболела благодарение, како што вели, на почитувањето на мерките и носењето заштитна опрема.

„Вакцината ќе не спаси од овој пекол кој го преживуваме. Навистина сме уморни од самиот почеток сме на првата линија на фронтот и чекаме ден да се избориме со овој невидлив непријател“, додава таа.

Деноноќно се води грижа за секој еден пациент, деноноќно трае борбата за секој еден живот, а по многу поминати часа во заштитната опрема фали и воздух.

Солзите и лелеците на семејствата кои изгубиле близок засекогаш ќе останат како неизбришлива слика во нашите глави, вели Гоџоска и додава дека борбата за секој човечки живот е секојдневна исцрпувачката голгота.

„Болно е да гледаш како синот-пациент оди ја види својата почината мајка, неговите солзи не погодуваат и нас. Некогаш во нивната немоќ и болка знаат и да кажат некој неубав збор па потоа се извинуваат но имаме разбирање, не е лесно да си соочен со вака болни судбини. Се случило и да запеат откако ќе ја победат болеста“, раскажува таа.

Само оние кои не влегле во ковид-центар не знаат низ што се поминуваме, вели сестра Тина и додава дека  сите треба да ги почитуваат пропишаните мерки за да се победи опасниот вирус.

  Текстот е изработен во рамките на  кампањата  „Здравствените работници се нашите херои - со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата  здравствена криза во историјата. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK