Сре06162021

Последна промена12:15:03 PM

SCREEN

Cpanel

   

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Д-р Чифлигароска од струшка Нефрологија: Излезот од пандемијата и враќањето во нормалниот живот е во масовната имунизација

Д-р Чифлигароска од струшка Нефрологија: Излезот од пандемијата и враќањето во нормалниот живот е во масовната имунизација

Сподели

Излезот од пандемијата и враќањето во нормалниот живот е во масовната имунизација. Треба да бидеме среќни што имаме достапни вакцини и сите што поскоро да пристапиме кон вакцинација, апелираат здравствените работници.

 

Единствената заштита е вакцината, граѓаните не треба да се плашат , вели д-р Елизабета Димоска Чифлигароска  физијатар во одделот за физијатрија и рехабилитација во Специјализираната болнца за нефрологија Струга.

-„Се надеваме сите дека оваа пандемија ќе заврши наскоро. Се надеваме што поскоро да се вакцинираат што поголем број на луѓе апелираме сите постојано укажуваме дека друг начин нема. Ние се вакциниравме и сум многу среќна што се вакциниравме. Единствената заштита е вакцинацијата. И понатака  и после вакцинирањето ќе мора да се почитуваат мерките за зшатита и за жал ќе мора да ги носиме и максите. На сите ни сметаат,  на сите ни се дојдени и до глава но тоа е единствениот начин за да бидиме заштитени ние и да ги заштитиме нашите семејства, нашите блиски , нема друго решение“, вели д-р Чифлигароска.

Изминатава година во пандемија, беше тешка за сите, особено за здравствените работници,  кои се најдоа во првата линија на фронот.

- „Пациенти многу , голем ризик , но и голема одговорност и за нас и за сите за средниот,  виокиот медицинскиот персонал. Некои почитуваат мерки, но  некои за жал не почитуваат. Се  трудиме максимално да бидеме на располагање на нашите пациенти тоа е за нас приротет како фела“, вели д-р Чифлигароска.

 Болеста ја почуствувала на сопствената кожа, со вирусот се  соочиле и таа и целото семејство.

-„ Зборувам од искуство. Вирусот е исклучително опасен и би апелирала до сите кои го потценуваат да не го прават  тоа, бидејки навистина си имаме работа со  едно чудовиште Икслучително опасен вирус Јас во ноември лани  го прележав вирусот, но мерките ги почитувам и понатаму. Носам маска, визир се. И покрај тоа што максимано се придржував на мерките и јас се заразив. Веројатно имав некаков контакт. Беше тешко , 13 дена имав температура и во кревет. За среќа не завршив во болница  сметам дека олеснителни околности е тоа што сме лекари па навреме земаме терапија која ни е потребна. Се извлеков од најтешкото затоа потенцирам дека вирусот е исклучитлено тежок системско засегање на целиот организам Не е ова вирус само на грип ова е тешка системска болест“, вели д-р Чифлигароска.

Пандемијата го промени животот на сите. Испишува нова историја во медицината и во човештвото

-„Изолирани сме  буквално од сите роднини, пријатели само телефонски,  вибер  друг контакт не . И нам ни се смена животот , исклучително е тешко и како здравствени работници секојдневно сме преоптеретени со заштитна опрема. Кога ја  напуштаме работаната организација со глад за воздух се радувме кога ке влеземе во автомобил  сами да може на миг да ја извадиме маската“, вели д-р Чифлигароска.

 

Мојот апел до сите е да ги почитуваат препораките и што поскоро да се вакцинираат, за повторно да се вратиме на  социјалниот живот, апелира Чифлигароска.

 

Текстот е изработен во рамките на  кампањата  „Здравствените работници се нашите херои - со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата  здравствена криза во историјата. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK