Сре01262022

Последна промена08:18:17 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Ден на македонската револуционерна борба

Сподели

Македонија го чествува Денот на револуционерната борба.

 

Празнувајќи го 23 октомври денот на македонската револуционерна борба, го празнуваме и чествуваме формирањето на македонската револуционерна организација во Солун. На 23 октомври 1893 Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ја основале тајната група нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.

Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор и била почеток на организираното македонско револуционерно движење и револуционерна борба за државност и ширење на идејата за создавање сопствена, самостојна и независна држава.

Зачетокот на револуционерното македонско движење, преку Илинденското востание и Крушевската република до славните епопеи од народноослободителната борба и АСНОМ, доведоа до создавање современа демократска самостојна и суверена македонска држава.

Нека е вечен Денот на македонската револуционерна борба

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK