Чет10222020

Последна промена09:46:58 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

148 заразени од корона во земјава, најголемиот дел на возраст од 30 до 39 години

Сподели

Заклучно со вчера 148 заразени од корона вирус во земјава. Во однос на пол, 73 од заразените се мажи, а 75 жени, така што соодносот е еден спрема еден.

 

Според информациите на Институтот за јавно здравје, специфичниот морбидитет по пол кај машките е 7,0/100.000 жители, додека кај женските изнесува 7,3/100.000 жители.

 

Возраста на заболените се движи од две до 91 години или во просек 43,8 години. Најголем број на заболени се на возраст од 30-39 години – 35 (23,6 проценти).

Според место на постојано живеење, случаи на ковид 19 се регистрирани досега во седум градови, информира Институтот за јавно здравје во анализа за кумулативната состојба со епидемијата во земјава. Сметајќи според бројот на населението, највисока е стапката на заразени во Дебар – 40 позитивни на коронавирусот или 144.1 на 100 илјади жители. Во Скопје, со 88 случаи, зачестеноста е 14,2 на 100 илјади жители, а во Штип (седум случаи) стапката изнесува 13,3.

 

Одобрена е првата терапија за пациентите заболени од коронавирусот. Се работи за комбинација којашто јa содржи лекот хлорокин и азитромицин. Од утре ќе биде аплицирана на пациентите коишто се лекуваат кај нас и во болнички и во домашни услови, после соодветна индикација од лекарот, изјави министерот Венко Фулипче.

 

 

 

 

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK