Вто12072021

Последна промена04:32:00 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Сестра Мукоска од Струшка Нефрологија: Да бидеме совесни, што поскоро да се вацинираме

Сподели

Вакцината е единствениот спас за да се стави крај на пандемијата, вели Мукоска Лилјана, медицинска сестра во струшка нефрологија.

Лилјана Мукоска, медицинска сестра одговорна во одделот за хемодијализа во Специјализираната болница за Нефрологија – Струга има 40 годишно работно искуство. Вели, да се работи под притисок е многу напорно но медицинскиот тим е спремен да одговори на сите предизвици со кои се соочуваат во време на пандемијата. Секој ден е борба да се остане здрав за да им се помогне на пациентите. Мало невнимание може да ги доведе во опасност и болните но и своите најблиски дома, затоа вели, вакцината е единствениот спас од смртоносниот вирус.

„Работиме одговорно и совесно со многу напор се со цел пациентите да добијат услуга како тие кои се на редовен дијализен програм така и оние заболени од ковид-вирусот. Тешко е напорно е но засега наоѓаме сили за да се справиме“, вели Мукоска.


Во моментов на одделот за хемодијализа има околу 100 пациенти. Минатата година имало 14 391 хемодијализа од кои 495 биле во ковид салата.
Во оваа здравствена установа се почитуваат мерките за заштита. Од одделот за хемодијализа бројот на заболен медицински персонал бил мал благодарение на скафандерите, маските, нараквиците, визерите.... кои се секојдневие во нивната работа.


„Навикнати сме да работиме со сета таа опрема која верувајте не е лесно да се носи со часови. Тешко е но се издржува кога знаете дека тоа ве штити од опасниот вирус кој предизвикува многу компликации. Секој треба да се чува и да внимава на својот имунитет. Ние како медицински лица мора да водиме грижа и за пациентите и за нас“, вели Мукоска.


Мукоска како и останатиот медицински персонал ја примија вакцината за заштита од ковид-19. Според неа излезот од здравствената криза е единствено преку масовната имунизација. Секој треба да ја прими вакцината без разлика од кој производител е бидејќи сите се безбедни и штитат.


„Треба сите да се вакцинираме. Само така може да се стави крај на оваа пандемија. Ние здравствените работници ја примивме вакцината. Препорака и останатите да го направат тоа што поскоро бидејќи вакцината е клучот за победа и враќање на нормалниот живот“, порачува Мукоска.

 Текстот е изработен во рамките на  кампањата  „Здравствените работници се нашите херои - со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата  здравствена криза во историјата. 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK