Саб06252022

Последна промена03:35:57 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Произведен првиот македонски џин направен од дива смрека од Галичица

Сподели

Smidgin е првиот македонски џин направен од дива смрека од Галичица.

 

Џинот е популарен алкохолен пијалок кој својот специфичен вкус го добива од бобинки од смрека. Првичноо направен како медицински пијалак од монасите и алхемичарите во јужна Франција, Фландрија и Холандија, денес е популарен пијалок со голем број на варијанти и производители. Она што малкумина го знаат е дека смреката од Галичица е искористена во производството на првиот македонски џин! „Виновникот“ за ова е Иван Скендеровски кој за Иновативност раскажа како настана првиот македонски џин.

Смидџин е македонски крафт џин направен по традиционалната London Dry технологија. Во неговото производство покрај смреката и планински чај од Галичица учествуваат и 12 други билки од различни делови од Македонија. Од самиот почеток рековме дека за квалитетот ќе бидеме најстроги, па некои од поегзотичните билки кои вообичаено се неизоставен дел на секој добар џин како биберот, семки од коријанедер и кората од циметово дрво ги купувавме директно од Индија и Шри Ланка. Од таму доаѓаат најквалитетните билки од овој вид.Идејата беше да направиме крафт џин кој што ќе биде во самиот врв на она што значи квалитет за овој тип на пијалок, но со препознатлив локален печат. И мислам дека го постигнавме тоа, вели за Иновативност Скендеровски. 

Целиот текст - Иновативност 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK