Саб06252022

Последна промена03:35:57 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

На хируршкото одделение во Струга направени 720 оперативни зафати

Сподели

Само лани на Хируршкото одделение во Струга се направија 720 оперативни интервенции. Во просек се правеле по две операции дневно.

Најчестите видови оперативни зафати, кои се изведуваат се операции поврзани со абдоминална хирургија.

Интервенции на жолчки, хернии на абдоминален дел, хернии на стомак итн. Се работат и доста карциноми, карциноми на дебело црево, карциноми на дојка....

Исто како и во охридксиот регион и  струшко бележи зголемен број на карциноми.

Нема достапен опис

„Зголемениот број на карциноми има, но тоа се должи на повеќе фактори. Првенствено начинот на живот, нели имавме големо зрачење после интервенцијата на НАТО во Србија тоа е општо констатирано. Понатаму подобрена е дијагностиката, луѓето се повеќе информирани, читаат , гледаат  се јавуваат на преглед порано и бараат помош. Така да зголемен  е бројот на дијагностицирани карциноми, дел се оперираат и згрижуваат кај нас“, вели д-р Златко Лазарески  началник на хирургија Струга.

Загрижува тоа што се случува карцином да се дијагностицира и кај помлади пациенти.

„За жал се случува да имаме дијагностицирано карцином и кај помлади пациенти , но имаме пациенти и постари над 70 години кои се оперираат успешно“, вели д-р Лазарески.

Прекини во оперативниот програм за време на пандемијата имаше само во два наврати, кога се следеа препораките на министерството за здравство.

„Во првиот бран голем дел од медицинскиот кадар беше заболен од корона вирусот. Загубивме еден ценет колега пред една година. Со почетокот на вакцинацијата сите вработени во Хируршкото одделение се целосно вакцинирани, дел и со трета доза на вакцина. Јас лично примив и трета доза. Од стартот на вакцинацијата нема прекин во работата. Уредно тече оперативниот програм. И покрај зголемениот број на заболени ние не застанавме. Се работеше со зглемен и обем и минатата година се направија околу 720 поперативни интервенции во сала. Тоа е една солидна бројка ако се земе во предвид дека ние сме четворица лекари“, појаснува д-р Лазарески.

Нема достапен опис

Од четворицата лекари хирурзи еден е на супспецијализација, па најчесто се тројца во оперативна сала.

„Со  тоа  имаме зголемен број на дежурства, зголемен обем на работа за да го постигнеме ова. Минатиот месец ни се врати еден колега, очекуваме и другиот да се врати што поскоро за да може да се нормализира работата и да не остануваме тука со чести дежурства“, вели началникот на струшка хирургија.

Болничките капацитети на Хируршкото одделение во Струга се задоволителни, има пет болнички соби со 15 кревети. Се практикува популарната метода „One day surgery“.

„Располагаме со доволно капацитети. Работиме брзо, на пример пациентите кои се за операција се примаат утрината на оперативниот ден, истиот ден ги операриме и го практикуваме One day surgery , што значи утредента веќе ги испуштаме дома. За да имаме место за следните што доаѓаат“, вели д-р Лазарески.

 

Хируршкото одделение има два лапараскопи. Со овие современи апарати повеќе од десетина години воведена е лапараскопска хирургија која  придонесе сите хируршки интервенции да се спроведуваат поуспешно, хируршката траума да биде  помала, а пациентите побрзо да се испраќаат дома.

„Работиме лапараскопија. Жолчтата во 99% се вади лапараскопски. И слепи црева започнавме да оперираме лапараскопски.  Имаме две оперативни сали со два лапараскопи апарати. Задоволен сум од апаратурата која ја имаме.  Имаме испратено млади лекари на специјализација кои очекуваме да го надополнат недостигот на лекари“, вели д-р Златко Лазарески  началник на хирургија Струга.

 

Доктор Лазарески има 34 годишно искуство,  вели медицината оди напред, техниката и науката се оди напред, а ние ги следиме и од ден во ден сме поуспешни.

 

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK