Интересно

Индиски хороскоп- еден од најточните ..Проверете

Сподели

Индиска астологија. некои велат дека ова  најточниот хороскоп. Проверете што знак сте според индискиот хороскоп.

 

Mesha (Овен, 15.04 – 15.05)

Амбиција

Силната ментална сила ви помага успешно да го остварите замисленото. Вие сте амбициозна личност и никогаш не попуштате. Изразената смисла за иницијатива ве турка меѓу лидерите, но ве привлекува гламурот, па паѓате на најновите трендови.

Vrishabha (Бик, 16.05 – 16.06)

Големо срце

Ова е знак на комуникативноста и уметноста на изразувањето во јавноста. Не сакате површност и невнимателност. Вашите блиски ви се најважни во животот, а во односите со другите сте внимателни и не сакате преголема блискост додека не стекнете доверба. Полни сте со љубов, имате големо срце, па постојано чезнеете за романтика.

Mithuna (Близнаци, 17.06 – 16.07)

Хумор

Вие претставувате знак кој може сѐ да донесе под знакот прашалник. Разумот ви работи „сто на саат“, а вашите способности за прилагодливост се бескрајни. Најважната одлика на овој знак е талентираноста за хумор, што најчесто го користат кога сакаат некого да заведат.

Катака (Рак, 17.07 – 17.08)

Чувствителност

Со овој знак владее месечината, што го прави чувствителен и таинствен. Поврзани сте за своите корени и најважно ви е семејството. Пријателите ги бирате мошне внимателно, а ве плаши помислата да бидете оставени, посебно од партнерот. Во љубовта сте мошне интуитивни.

Simha (Лав, 18.08 – 17.09)

Непопусливост

Сакате раскош и ужување. Тврди сте и крути кон околината, но и потполно верни и лојални. За вас парите се сржта на борбата и не попуштате додека не победите. Горди сте и не поднесувате рамнодушност. Најчесто сте шармантни и заводливи, а бујната коса е ваш голем адут.

Kanya (Девица, 18.09 – 17.10)

Следбеник на својата мисија

Мошне сте строги и организирани како под конец. Секогаш сте точни и ја следите својата зацртана мисија. Чувствителни сте и не поднесувате неверство. Сметате дека заедничкиот живот треба да биде крунисан со брак кој се заснова на меѓусебна предаденост.

Tula (Вага, 18.10 – 16.11)

Приврзаност

Многу сте друштвен и секогаш опкружен со пријатели. Овој знак е симбол на поврзаноста, па воопшно не поднесува прекини, без разлика какви и да се. Многу сте хумани и не ги гледате замките што би можеле да ви бидат поставени од оние кои сакаат само неколку пријатни моменти во ваше друштво.

Vrischika (Скорпион, 17.11 – 16.12)

Водена струја

Со вашиот знак владее богот Шива, оној кој уништува за да може да се гради подобро. Како и водната струја и вие сте во постојано движење, но никој не ја познава длабочината на вашата душа.

Dhanus (Стрелец, 17.12 – 14.01)

Оптимизам

Оптимистични сте и полни со детски ентузијазам. Сметате дека сте предодредени за најдоброто. Кога се во прашање парите не престанувате да вложувате во ризици. Во љубовта барате да ви се восхитуваат, а ве привлекуваат поразлични и посебни карактери.

Makara (Јарец, 15.01 – 13.02)

Симбол на трудот

Кај вас ништо не е препуштено на случајност и секогаш минувате низ тешка фаза додека дојдете на целта.Рано созревате, а се опуштате подоцна во животот. Во љубовта сте коректни, но честопати и премногу строги.

Kumbha (Водолија, 14.02 – 14.03)

Водолија

Многу ја почитувате својата, но и слободата на другите. Очекувате околината исто да се однесува и кон вас. Во реалноста сте конзервативна личност. Околу себе имате круг од пријатели кои се вашата заштита од животните опасности. Мошне сте радознали, а во љубовта мошне срамежливи.

Mina (Риба, 15.03 – 14.04)

Воздржаност

Вашиот креативен талент има потреба да се изрази. Зад привидната воздржаност се крие гордост, па иако не се осудувате да им пристапите на другите, успевате да ги привлечете тие да дојдат до вас. Љубовта ве храни, па ако наидете на партнер кој ќе ве охрабри, ќе ги искористите сите свои адути да успеете во животот.