Интересно

Ова се најдобрите градови за живот во 2017 година

Сподели

Главниот град на Австрија Виена е уште еднаш е прв по квалитет на живот на традиционалната листа градови на американската фирма (Mercer).

 

На оваа листа се наоѓаат 231 град, а Виена веќе осма година е на првото место, додека на последното повторно е Багдад.

Виена повторно е најдобра поради својата културна сцена, квалитетна здравствена заштита, умерени цени на живот и евтин градски превоз, а зад неа следат Цирих, Окланд, Минхен и Ванкувер.

На листата градови за живот кога е во прашање регионот најдобро стои Љубњана (76 место),.следуваат Атина (87), Загреб (98), Софија (116), Истанбул (133), Белград (138) и Сараево (159), додека од Скопје (161) а после тоа Тирана (176-то место).

Во истражувањето се подредени дури четириесеттина разни фактори како што се политичката стабилност, инфраструктура, здравствена заштита. образование, криминал, рекреација, култура...