Интересно

Туристички тури за посета на „Титаник“

Сподели

Додека приватните вселенски компании како Virgin Galactica имаат намера да водат туристи до работ на вселената за да можат на неколку минути да почувствуваат бестежинска состојба по цена од 100.000 долари за човек, лондонскиот туристички оператор Blue Marble Private од идната година за истиот износ ќе им овозможи на осум лица да ги посетат останките од легендарниот „Титаник“ на дното од Атлантикот.

 

Подводните туристи со хелихоптер ќе бидат префрлени од Њуфаундленд на јахта, на која ќе поминат два дена, а потоа, во групи од по четири лица, со подморницата Cyclops 2, ќе поминат пет часа на длабочина од 3.784 метри и ќе уживаат во разгледување на остатоците од бродот „Титаник“ кој на 14 април 1912 година потона во Атлантскиот Океан по судир со ледена санта.

Подморницата Cyclops 2, која е производство на компанијата OceanGate, е изработена од титан и јаглеродни влакна, и може да прими четири патници и пилот, со капацитет на нуркање од четири километри длабочина.

Под вода може да се движи со брзина од три наутички јазли на погон од четири електрични Innerspace 1002 мотори, а системот за одржување во живот може да обезбеди воздух за пет лица во текот на осум часа во нормални околности, како и 96 часа во итни случаи.

Blue Mаrble Private засега планираат две туристички тури, една во мај следната година и втора за летото 2019, пишува Факултети.мк. 

Засега се знае дека меѓу првите заинтересирани е една 49-годишна банкарка од Њујорк која веќе купила билет и нетрпеливо ја очекува посетата на „Титаник“ , за која вели дека е остварување на нејзиниот сон.