Интересно
Кинезите и Арапите навалија на путерот, Европа дефицитарна
- Детали
- Објавено на Сабота, 04 Ноември 2017 12:09
Новооткриената љубов на Кинезите и на Арапите за вкусот на путерот е само една од причините за драматичниот недостаток на овој ценет млечен производ во Европа.
Полиците во супермаркетите во Франција, чија фантастична кујна е незамислива без путерот, овие денови често се празни. Во германските супермаркети путер има доволно но за цена која споредено со минатата година во истото време е најмалку двојно поголема.
Само за една година цената на путерот во земјите од ЕУ порасна двојно, пишува Дојче Веле.