Интересно

Наместо на 16 години за возачка дозвола ќе се полага на 17

Сподели

Во собраниска процедура влегоа измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка.

На седница на Законодавно-правната комисија власта предлага промена на возраста за стекнување право за полагање возачка дозвола за моторно возило од 16 на 17 години. Ова е една од главните новини што се наоѓа во новиот предлог-закон поднесен од координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев и уште 5 пратеници од мнозинството.Со предлог-законот се предлага бришење на критериумот децата да имаат одличен успех и примерно поведение, бидејќи, според предлог-законот, тоа не е критериум за полагање возачки испит и претставува дискриминација.Се предлагаат и измени на рокот на важење на возачката дозвола во однос на старосната граница. На лицата над 70 години ќе им се издава возачка дозвола со важност од три години, а не како досега, за лицата постари од 65 години. На повозраните лица кои се над 70 години ќе им се издава возачка дозвола со пократок рок на важност.

Извор:start.mk