Саб06252022

Последна промена03:35:57 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Интересно Најубавите Божикни пазари ширум светот

Интересно

Најубавите Божикни пазари ширум светот

Сподели

Европските градови се преполни со божиќни пазари во ноември и декември. ТВ мрежата Си Ен Ен направи список на најубавите божиќни пазари.

 

БЕРЛИН, ГЕРМАНИЈА

Лизгалишта, панорамски тркала, ролеркостери и тобогани се само некои од атракциите кои се присутни на десетици божиќни пазари низ главниот град на Германија.

Многумина го сметаат Жендарменмаркт како најубавиот плоштад во Берлин, а Божиќниот пазар таму е доста популарен. Со висечки светилки во тоа што личи како мало гратче под стреа, можете да сретнете луѓе кои прават свеќи и стаклени фигури и разни други видови уметници.

БИРМИНГЕМ, АНГЛИЈА

Во 1966 година, Бирмингем склучи договор со Франкфурт. Децении подоцна, обожавателите на божиќните празници во Англија уживаат секоја година на Божиќниот пазар на Франкфурт, што се наоѓа во Бирмингам. Таму ќе најдете серија германски деликатеси: шницли, хот-догови и печени бадеми. Потоа, испијте и по едно или две топли шолји вино. Овој богат божиќен пазар има и своја музичка трупа со разни музичари и пејачи.

НИРНБЕРГ, ГЕРМАНИЈА

Еден од легендарните божиќни пазари во Германија, Крискинделсмаркт, датира од средината на 16. век, со повеќе од 180 дрвени тезги меѓу живописната околина на стариот дел на овој град. Задоволете го детето во себе со леб од ѓумбир, дрвени играчки од локални производители и традиционални декоративни фигури од сливи.

КОПЕНХАГЕН, ДАНСКА

Данска често пати се појавува на врвот на листите на „најсреќните места на светот“. А, не недостасува и божиќна радост на пазарите. Светски познатиот забавен парк „Тиволи гарденс“ е домаќин на најголемите свечености. Уживајте во нордиската атмосфера меѓу дрвените куќички и дрвјата покриени со снег, додека се возите.

СТРАЗБУР, ФРАНЦИЈА

Божиќниот пазар во Стразбур е отворен од 1570 година, кога на градот му беше дадено името „Главен град на Божиќ“. Елките претставувале важен дел од фестивалите во регионот уште од паганските времиња, традиција која се одбележува преку едно од најголемите природни дрвја во Европа на плоштадот.
Пазарот има околу 300 вили, распоредени околу центарот на градот, кадешто можат да се купат уметнички, како и алзаски божиќни декорации.

ВИЕНА, АВСТРИЈА

Виена е целата претенциозна за време на раскошните фестивали. Барокната архитектура дава посебна атмосфера, додека декоративните светилки светат меѓу снегулките. На виенскиот божиќен пазар во „Сити хол“ може да го слушате и меѓународниот хор како пее божиќни песни. Пазари има и во божиќното село во палатата Белведере и пазарете во тесните улички на раздвижената област Шпителберг.

 

ГЕТЕБОРГ, ШВЕДСКА

Шведскиот „божиќен град“ е полн со светлина, топлина и со бои во скандинавските ноќи, со осветлениот забавен парк Лизеберг како главна атракција.

Тука можете да купите подароци на бројните божиќни тезги или да гледате претстава на балет на мраз. Децата или сите тие со млада душа можат да се возат на зимските рингишпили или да ја посетат „Земјата на зајаците“.

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK