Интересно

Ноќва на небото ќе биде видлив метеорски дожд

Сподели

Станува збор за појава на годишниот феномен Геминида, за кој се очекува годинава да биде посебно спектакуларен.

Метеорскиот дожд Геминида ноќва ќе биде видлив во речиси сите делови на светот и ќе може да се набљудува до утринските часови, објави порталот Спејс.Станува збор за појава на годишниот феномен Геминида, за кој се очекува годинава да биде посебно спектакуларен.За разлика од поголемиот број метеорски дождови кои ги предизвикуваат комети, Геминида настанува благодарение на астероидот 3.200 Фаетон, чии делови во овој период од годината согоруваат во земјината атмосфера.