Пет07102020

Последна промена07:02:02 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Интересно Што предвидел Нострадамус за 2020 година

Интересно

Што предвидел Нострадамус за 2020 година

Сподели

Што има предвидено за светот Нострадамус за оваа година?

 

Европа нема да куртули од земјотреси. Следниот силен земјотрес ќе ја погоди Турција, со интензитет од 7 до 7,4 степени според Рихтеровата скала.

Треба да се случи една прилично голема „катастрофа“ во САД - Доналд Трамп ќе биде реизбран за претседател... и бидејќи тој не може да биде избран третпат, вториот мандат би можел да биде попроблематичен од првиот.

Големи пожари ќе се рашират низ Европа, поточно во Грција и Хрватска.

Топлотниот бран ќе ги погоди Португалија, Шпанија, Холандија, Германија и Франција. И САД ќе се „стопат“ на високи температури кои ќе предизвикаат шумски пожари во Калифорнија, Палм Спрингс и Лос Анџелес.

Поради топењето на глечерите на Антарктикот, нивото на морето и океанот ќе се искачи за неколку метри.

Во 2020 година, исто така, ќе има рекорден број на невремиња кои ќе предизвикаат урагани. Америка ќе биде нападната со некои од најмоќните торнада во историјата со ветрови до 320 km на час.

Исто така, се предвидува појава на еден вид катаклизма што радикално ќе ја смени мапата на светот, односно ќе ја најави Третата светска војна, која ќе започне на Блискиот исток.

Глобалната економија повторно ќе биде во криза. Нострадамус ја предвиде кризата во 2008 година и го предвидува истото за 2020 година.

Пророкот наведува дека економијата на САД ќе стагнира неколку години, а стотици фондови ќе банкротираат.

Со цел да се спречи паника на берзата, тргувањето на светската берза ќе биде суспендирано за неколку денови или можеби една недела.

Предизвикувач на нова економска криза ќе биде Велика Британија, која ќе го реализира „Brexit“ и ќе излезе од Европската унија.

Нострадамус дури предвидува дека целото Обединето Кралство би можело да се распадне бидејќи Велс, Шкотска и Северна Ирска го поддржуваат излезот од ЕУ.

Повеќе лоши вести ќе ја погодат Велика Британија. Нострадамус пишува дека Велика Британија ќе добие нов владетел. Не прецизира дали тоа би било заради смртта на кралицата Елизабета Втора.

Големи промени ќе се почувствуваат и во Северна Кореја, во која Ким Јонг-Ун нема да биде повеќе лидер - присилно отстранет.

Според една од неговите визии, францускиот пророк видел луѓе што живеат на Месечината во 2020 година.

Crnobelo.com

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK