Пет05242019

Последна промена07:37:40 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Премиера на три детски филмови

Култура и уметност

Премиера на три детски филмови

Сподели

Драмското студио „Цвет 75“ на 25 април , четврток во просториите на Институтот за филм во 19 часот,во Охрид премиерно ќе ги прикаже своите три кратки филма.

Филмовите се создадени од членовите на драмското студио , се работи за деца од 8 до 12 години.
Натпревар,работен по заедничко сценарио
Цртежи,по сценарио на Надица Петреска
Концерт по сценарио на Сара Петкоска
Учествуваат
Сара Петкоска, Марија Јанкоска, Лина Боцеска, Мила Милошеска, Анастасија Србиноска,Теона Глигороска, Теона Коровеш, Маја Коровеш, Ивана Велкоска, Бисера Попаѓоска,Ева Тутурска, Хана и Семра Хасим,Надица и Наум Петрески,Димитар и Клименр Велскоски,Ева и Ана Бимбилоски.

-Сценариото, режијата,изборот на музиката, глумата, монтажата е нивно дело во овие филмови, под раководство на Драгана Боцеска.

-„Темите во кратките филмови се од десткото секојденевие поврзани со дружењето, детските проблеми но и желби и потреби за прифаќање во околината . Тие се искрени со доза на хумор го пренесуваат својот поглед на реалноста.Децата уживаат кога се слободни кога креираат и кога имаат можност да го покажат својот талент “, вели директорката на драмското студио Драгана Боцеска. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK