Саб11162019

Последна промена11:00:51 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Од септември бесплатна вакцинација за ризичните групи

Од септември бесплатна вакцинација за ризичните групи

Сподели

Бесплатно против грип ќе може да се вакцинираат ризичните групи на граѓани, без ограничување во однос на примањата. Согласно со препораките на Светската здравствена организација (СЗО) и Програмата за имунизација за 2019 година во категоријата ризични групи се опфатени: бремени жени во кој било период од бременоста, деца на возраст од шест месеци до 5 години, лица над 65-годишна возраст, лица со хронични заболувања, како и лица сместени во геронтолошки центри и вработени во овие центри и здравствени работници.

Како што соопшти денеска Министерството за здравство, информацијата со акциски план за проектот „Бесплатна вакцинација против грип за ризични групи, без ограничување во однос на примањата“ е усвоена на вчерашната  149. владина седница.

Со овој проект се планира Министерството за здравство по пат на јавна набавка да обезбеди околу 28.000 дози вакцини против сезонски грип, наменети за бесплатна вакцинација на лица изложени на зголемен ризик од тешки форми и компликации од грип.

Вакцината против сезонски грип создава имунитет по 14 дена од вакцинација, кој трае околу 8-10 месеци. Најдобар период за вакцинирање со вакцина против грип е од септември до крајот на ноември секоја година, но вакцината може да се даде во тек на цела сезона (од септември до март).

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK