Саб11162019

Последна промена11:00:51 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија 500 родители треба да платат казна за невакцинирани деца

500 родители треба да платат казна за невакцинирани деца

Сподели

 500-тини родители треба да платат казни зошто не ги вакцинирале децата.

На сите Државниот санитарен и здравствен инспекторат им поднел прекршочни пријави. Од ДСЗИ велат дека бројката на невакцинирани била поголема, но дел дошле на порамнување и платиле половина од сумата, а други пак приложиле документ дека детето во меѓувреме било вакцинирано или пак здравствената состојба не дозволувала да примаат вакцина.

ДСЗИ чека конечна одлука од здравство и образование што ќе се случува со невакцинираните деца дали ќе останат дома или ќе седнат во училишните клупи. Доколку се одлучи без уреден картон првооделенците да не се запишуваат во училиште здравствените инспектори ќе вршат контрола.

Иако од почетокот на епидемијата на морбили вакцинирани се над 35.000 лица, сепак МРП сеуште не примиле околу 8.600 деца до 14 годишна возраст.

Во меѓувреме малите сипаници стивнуваат, минатата недела во ИЈЗ биле пријавени само 3 случаи.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK