Пет09202019

Последна промена08:45:41 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Еден заразен од западнонилска треска во земјава

Еден заразен од западнонилска треска во земјава

Сподели

Во критична состојба се уште е 66 годишниот пациент кој е заразен со западнонилска треска.

Директорката на клиниката за инфективни болести Милена Стевановиќ за Сител вели, здравствената состојба на пациентот е не променета и тој се уште е на интезивна нега. Пациентот бил префрлен на клиниката пред една недела откако болеста била дијагностицирана во Градската општа болница. Ова е прв случај во Македонија каде е регистриран вирусот кој го пренесуваат комарци. До сега не се регистрирани други случаи уверува директорката на клиниката за инфективни болести.

Епидемиолозите велат дека кај 80 проценти од заразените со западнонилска треска болеста поминува без да има изразени симптоми. Помалку од 20 отсто можат да имаат клиничка слика како грип а само еден процент да завршат со воспаление на мозокот, тешки компликации и фатален исход.

Лани биле пријавени само двајца заболени а пред 7 години беа регистрирани неколку смртни случаи од вирусот. Во соседна Грција од вирусот на западнонилска треска починале тројца а уште 30 се заболени. Западнонилска треска е регистрирана и во Србија, Романија и Унгарија.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK