Пет09202019

Последна промена08:45:41 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Заев и Мицкоски не се договорија, седум часа преговори без успех

Заев и Мицкоски не се договорија, седум часа преговори без успех

Сподели

Повеќе од 7 часа траеше синоќешната средба на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски и нивните тимови за измените во Законот за јавното обвинителство.

Пред средбата сите беа оптимисти, но договор нема. Нема ни инфомација дали е закажана уште една средба.

 

Владеачката партија понудила да се формира ново обвинителство кое ќе ги гони двете страни а од друга страна пак опозицијата барала да се укинат предметите кои ги отвори СЈО по 30 јуни 2017 година.

 

ВМРО ДПМНЕ не го прифатиле предлогот на Заев тие да бидат предлагачите на ново обвинителство.

Во новото обвинителство, било предложено, да влезат сите обвинители од СЈО. Предлогот на Заев значи и тоа дека ова ново обвинителство би требало да почне да функционира по парламентарните избори, а тоа значи дека случајот „Рекет“ останува во надлежност на Вилма Русковска од Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Aнтонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и еден од учесниците на вчерашните разговори, на својот фејсбук-профил напиша

- „Договор за нов закон за обвинителство можеби и ќе се постигнеше доколку премиерот Заев не беше токолу нервозен во врска со предметот „Рекет", што не може да прифати ниедно системско решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител би имал увид во овој мега-скандал, освен владино-подобната обвинителка Вилма Рускоска. Таквото однесување остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во „Рекет" е многу повисоко во власта, од улогата која во овој криминал ја имала осомничената Катица Јанева“, напиша Милошоски.

Неизвесно е и дали ќе продолжат разговорите на работните групи.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK