Пон10142019

Последна промена08:58:44 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Тлото во Албанија се тресе, 68 повредени и поголема материјална штета

Тлото во Албанија се тресе, 68 повредени и поголема материјална штета

Сподели

Тлото во Драч на Јадранско море се уште се тресе.

Првиот силен  земјотрес од 5,6 степени се случи вчера во 16 45 ч, и веднаш по него уште еден со јачина од 5,2  според Рихтер што ја погоди Албанија. Изминатото деноноќие регистрирани се  уште 25 земјотреси со јачина од околу 3,5 степени, а последниот се случи окоу 9 часот изутринава со јачина од 3,4 степени.

Според првичните официјални информации, иако овие информации се ажурираат од минута во минута бидејќи тимовите ја скенираат ситуацијата на теренот, до овој момент има 68 пријавени повредени, но во сите случаи станува збор за полесни повреди. Она што е најбитно е што немаме загуба на животи. 

Жителите на Драч и Тирана, вознемирени воглавно ноќта ја поминаа под отворено небо.

Поголема материјална штета е причинета на куќи и станбени згради, пред се во Драч и во Тирана.

За  сите граѓани чии домови се оштетени и опасни за живеење општинските власти подготвуваат посебни центри каде ќе бидат сместени.

Првиот земјотрес од Јадранското море беше почуствуван  и во Македонија. Беа вознемирени жителите на Охрид, Битола, Скопје....

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK