Пон10142019

Последна промена08:58:44 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Се слави Крстовден, патрон на манастирот Рајчица

Се слави Крстовден, патрон на манастирот Рајчица

Сподели

Утре  (27 септември) се слави празникот „ Крстовден “, еден од најголемите празници на Православната Црква, со векови ги собира архиереите, сиот свештенички и свештено-монашки клир на средината од храмот, каде се издигнува најважното знамение за христијанскиот род – Крстот.

 Познатиот дебарски манастир „Св. Ѓорѓи Победоносец“, што се наоѓа во селото Рајчица, на околу два километра од градот, посебно го  чествува овој голем празник. Така е секогаш кон крајот на септември, кога се прославува големиот православен христијански празник посветен на воздвижението на чесниот и животворен Господов крст, а кој народот традицонално го нарекува – Крстовден.

Оваа манастирска слава е поврзана со денот кога  почнало возобновувањето на конаците на дотогаш запуштениот манастир. Симболиката на тој ден беше уште поголема бидејќи, според преданието, токму на Крстовден биле поставени и темелите на стариот, претходен манастир.


Историја на празникот

Празникот „Крстовден“, еден од најголемите празници на Православната Црква, со векови ги собира архиереите, сиот свештенички и свештено-монашки клир на средината од храмот, каде се издигнува најважното знамение за христијанскиот род – Крстот. Овој настан, Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст, е празник на победата на христијанството над сите царства, култури и цивилизации, празник на христијанското општество кое опстојува низ вековите благодарение на непобедливата сила на Крстот, празник чија благодатна утеха ги поткрепува сите христијани, кои и денес поднесуваат прогони и страданија.

Овој празник е директно поврзан со два историски настани. Првиот се случил во IV век и зборува за чудесното пронаоѓање на Чесниот Крст на Господ Исус Христос од страна на светата царица Елена, мајката на светиот и благоверен цар Константин Велики. Вториот настан, пак, зборува за победата на византискиот цар Ираклиј над персискиот цар Хозрој во VII век. Во таа прилика Крстот бил вратен во Цариград, зашто претходно тој бил земен како плен од Ерусалим, тогаш кога градот бил освоен од Персијците.

Честичката од Чесниот крст се чува од 1836 година

Честичка од Чесниот крст има во Бигорскиот манастир од 1836 година, кога Хаџи Наке од Беличица ги донел од Цариград чесните мошти на претечата, свети Јаков, брат Божји, и другите осум што се чуваат во кивотот во Собониот храм. Таа е вметната во иконата „Воздвижение“ во храмот во Рајчица што е изработена во 2002 година, а е добиена година порано од старо скопско семејство со традиција на аџии и ним им ја предала аџика Нацка.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK