Пон03302020

Последна промена08:19:30 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Четворица заразени од корона со кислородна поддршка

Четворица заразени од корона со кислородна поддршка

Сподели

Од 67 зарзаени со корона вирус, четворица се на кислородна поддршка.

 

Пациентката од Дебар, за чија состојба министерот за здравство Венко Филипче објави дека е во критичка состојба, бидејќи кај неа настапило влошување во текот на претходниот ден, има 66 години. Таа е приклучена на респиратор. Инаку, таа пациентка имала проблеми и со висок крвен притисок, како и со срцето.

Заедно со неа, во моментов, од сите 19 хоспитализирани пациенти, четворица се на кислородна поддршка, информираше во емисијата „360 степени“ на телевизијата Алсат-М докторката Катерина Спасовска, од Клиниката за инфективни болести во Скопје. 

„Станува збор за пациенти со потешка клиничка слика, каде има и белодробен наод, во смисла на воспаление на белите дробови. Тие можат и сами да дишат, но има параметри преку кои тоа се мери, и преку мониторите и преку лабораториските анализи, преку кои се проценува дали и колку кислородна поддршка им треба“, објасни доктор Спасовска во изјава за Фактор. 

Според неа, останатите пациенти се апсолутно во една добра кондиција. Кај еден дел кои беа на почетокот биле хоспитализирани и кај кои привршува лекувањето, сега има навистина подобрување.

Фото- Италија 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK