Продолжено работното време на угостителите
- Детали
- Објавено на Петок, 15 Јануари 2021 08:03
Од наредниот четврток угостителските објекти наместо до 18:00 ќе работат до 21 часот.
Министерот за здравство изјави дека Комисијата за заразни болести ќе го разгледа барањето на угостителите од 21 јануари да имаат работно време до 23 часот, но тоа ќе зависи од проценката на ситуацијата со вирусот деновиве, рече Филипче.
-Од 21 месецов ќе се врати работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, а сите останати мерки остануваат во сила. Согласно со проценката на ситуацијата во текот на деновите до 21 јануари евентуално може да се разгледа барањето на угостителите за работа до 23:00 часот, изјави Венко Филипче, минситер за здравство.