Дадена препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена
- Детали
- Објавено на Вторник, 25 Јануари 2022 10:02
Комисијата за заразни болести даде препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена.
Синоќа, 24 јануари 2022 година, Главниот координативен кризен штаб ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.
На седницата се дискутираше и се усвои препорака за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена.
Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести, поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот.
Препораката е доставена до Владата на Република Северна Македонија и треба да биде дискутирана на следната владина седница.