Саб04102021

Последна промена06:45:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Задушница... сетете се на мртвите

Задушница... сетете се на мртвите

Сподели

Според календарот на Македонската православна црква денес е Задушница.

 Задушница секогаш паѓа во сабота зошто Исус тој ден, пред воскресението во недела, го поминал упокоен.

Тоа е денот кога православните верници одат на гробовите на најблиските, раздаваат понади и палат свеќи. Сеќавајќи се на своите покојни предци, христијанските верници на овој ден се молат на Бога за простување на гревовите и за своите предци.

МПЦ во текот на одбележува и есенски задушници, потоа летни Духовденски, пролетни воочи големиот пост и зимски кои уште се викаат и Митровденски.

Се верува дека ако на Задушница не им се запали свеќа на мртвите, тие цела година ќе бидат во мрак. Доколку верниците не се во можност да запалат свеќа на гробиштата на блиските, може тоа да го направат и во црква, каде обично се носи и пченица која по молитвата попот ја залева со цевено вино.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK