Чет10222020

Последна промена09:46:58 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Со берза за електрична енергија ќе се подобрува енергетската ефикасност во земјава

Со берза за електрична енергија ќе се подобрува енергетската ефикасност во земјава

Сподели

Со формирање на квалитетна Берза за електрична енергија ќе се подобрува енергетската ефикасност на Р Македонија

Со престоечката либерализација на пазарот ќе биде важно да се има ефикасен пазар на електрична енергија. Ова се дел од темите на кои експерти од областа на енергетиката денеска дискутираат на 8 то Советување на Македонскиот Комитет за големи електрични системи во Охрид.

 

- Креирањето на соодветна регулатива и создавањето на услови за приватните извори во делот на обновливи извори на електрична енергија но и во најавите на некои поголеми инвестиции во секторот за енергетика каде што ќе биде отворен и пазарот за приватниот капитал е нешто што е најважно за енергетска независност на РМ. Впрочем една од обврските на владата е да се грижи за иднината на младите и обезбедувањето на квалитетни извори на електрична енергија, истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешески.

Формирањето на ефикасни пазари за електрична енергија може да придонесе и за забавување на брзорастечкиот тренд на поскапување на струјата.

- Не би прејудицирал во која насока ќе се движи. Ако се следат европските трендови во иднина цената на електричната енергија генерално ќе расте, но ние како влада ќе преземаме се што е во наш домен тоа зголемување односно тој притисок да биде што помал, додаде Пешески.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK