Чет10222020

Последна промена09:46:58 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија МВР обука - “Ефективно управување со кризна комуникација“

МВР обука - “Ефективно управување со кризна комуникација“

Сподели

Вчера во Охрид во хотелот Инекс Горица во организација на мисијата на ОБСЕ во РМ започна со работа тридневната работилница на тема “Ефективно управување со кризна комуникација“ наменето за потребите на службите во МВР задолжени за односи со јавноста.

 

Како што истакна помошник министерот за внатрешни работи односи со јавноста Иво Котоески во своето воведно обраќање “сензибилноста на кризните околности е сериозен предизвик за која било институција, затоа што во основата на секоја криза лежи прашањето за безбедноста, независно дали станува збор за безбедноста на граѓаните, на материјалните добра или на општеството во целина“.

 Во рамки на работилницата ќе бидат опфатени повеќе прашања од темата почнувајќи меѓу другото од управувањето и дистрибуицијата на критични и чувствителни информации, потоа начини на работа со во ургентни околности, за правните аспекти и можните импликации при соопштувањето информации во критични ситуации и друго.

Целта на работилницата е преку интерактивна пристап со бројни, различни примери, симулации и дискусија, да се приближат и појасната повеќе аспекти особено фокусирајќи се на психологијата на комуницирање за време на криза и улогата на портпаролот во кризни околности. Предвиденот е да биде реализирано и сценарио со симулација на вонредни околности.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK