Чет10222020

Последна промена09:46:58 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Денес 18 години од атентатот на Киро Глигоров

Денес 18 години од атентатот на Киро Глигоров

Сподели

И по 18 години, сеуште е непознат нарачателот и извршителот на атентатот врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Со тешки повреди на главата, претседателот Глигоров го преживеа атентатот што се случи на 3 октомври 1995 година, во 9 часот и 50 минути пред хотелот Бристол во Скопје.  

Од здобиените повреди на местото на атентатот загина возачот на Глигоров, Александар Спировски, а беше повреден и неговиот телохранител, Илчо Теовски. 
Обидот за убиство на претседателот Киро Глигоров се случи  во момент кога тој со службено возило ја минувал редовната рута од претседателската резиденција до неговото работно место во Собранието на Република Македонија. Во атентатот беше употребен автомобил „цитроен ами 8“, бела боја – во кој биле скриени 20 килограми експлозив, активиран со далечински управувач. 
По закрепнувањето, претседателот Глигоров се врати кон извршувањето на своите претседателски обврски.  Првиот претседател на независна Република Македонија, почина на 1 јануари 2012 година на 94-годишна возраст во својот дом во Скопје од природна смрт. Неговото семејство не дозволи јавност и  државни почести на неговиот погреб. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK