Чет10222020

Последна промена09:46:58 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Македонија треба да се посвети на развојот на ревматологијата

Македонија треба да се посвети на развојот на ревматологијата

Сподели

Tретманот на пациентите  во РМ не е на ниво со стандардите кои се ширум воспоставени и употребувани, како во регионот така и пошироко, смета д- р. Владимир Огненовски директор на Амбулантниот оддел за ревматологија при Универзитетот од Мичиген.

 

 - „Има простор да се поправи многу во областа на ревматологијата во РМ. Постои една дискрепанца дека немаме соодветни лекови во државата. Точно е дека ги немаме биолошките лекови, но имаме генерички лекови. Она што треба да се испита е зошто постојат бариери за соодветното користење и пред сé соодветно дозирање на овие медикаменти. Причината може да е економската состојба, но сметам дека уште поважни се едукацијата на пациентите и на лекарите истовремено, со што мора да се работи на постојана интеракција помеѓу нив. Токму Вие како граѓанска организација треба да ги образовате пациентите дека врз основа на веќе воспоставените меѓународни стандарди и пракса, тие самите треба да бараат од лекарите посоодветен пристап на лекување. Со истите медикаменти кои се достапни во РМ, постојат поуспешни резултати и во Норвешка и во Финска“ , смета  др. Огненовски.

- „Иако биолошката терапија е многу скапа и го оптеретува буџетот, сепак сметам дека пациентите во РМ заслужуваат да имаат барем еден лек од групата на  Anti TNF (tumor necrosis factor) блокатори. Постојат некои лекови од овој тип кои се веќе регистрирани во Македонија. Потребно е Фондот да обезбеди барем одредена количина со која ќе ги задоволи барањата на категориите пациенти кај кои биолошката терапија не е соодветна, а истовремено овие лекови ќе имаат примена и кај пациенти со други имунолошки, како и гастроинтестинални заболувања“ заклучува др.Огненовски.

Проф. Дејвид Фокс–Директор на Одделот за ревматологија при Универзитетот од Мичиген им препорача на ревматолозите во РМ да започнат со одење на пракса во други земји каде што ревматологијата е во подем и се користат најсовремените методи. Тој ги посочи Словенија и САД како две од многуте можности за соработка.

 -„Целта на овој тип на пракса е после посетата тие да се надоградат со нови идеи и да можат да ги применуваат во РМ современите стандарди и пристапи за успешно лекување на пациентите“ вели проф. Фокс. Уште поважно тој нагласи дека постојат начини со кои може да се подобри употребата на веќе достапните лекарства и мониторингот на пациентите. Со медикаментите кои се достапни во РМ може успешно да се лекуваат пациентите доколку се користат поголеми дози и третманот е континуиран, но и покрај тоа „во иднина треба да постои можност за воведување на дополнителни терапии и медикаменти во РМ, особено за лупусот.“ Во оваа насока тој посочи дека постојат лекови кои мораат да се стават на листата од Фондот за здравство. „Тоа се веќе одамна стандардни лекови за третирање на ова сериозно заболување и истите се покажаа како доста успешни за ремисија на пациентите со лупус“ посочува проф. Фокс.

Постојат неколку области на кои во РМ треба да се работи кога станува збор за развојот на ревматологијата и најважно за соодветниот третман на пациентите, изјави проф. Матија Томшич директор на клиниката за Ревматологија во Љубљана, Словенија, посочи дека

-„Несомнено најважно е пациентите при појавувањето на симтомите да се обратат кај ревматолог. Потоа важно е ревматолозите што побрзо да започнат со соодветно дозирање и третман, затоа што овие заболувања се многу агресивни и нивниот развој врз останатите ситеми е рапиден. И последно Фондот за Здравство мора да ги постави базичните лекови за ревматолошките заболувања на позитивна листа и истите да се достапни без финансиски надоместок.“ Дополнително тој посочи дека бројката од 16 ревматолози на 200.000 пациенти во РМ е многу мала, со што се заклучува очигледната потреба за дополнителни кадри во оваа област. Понатаму проф. Томшич нагласи дека матичните лекари се првиот контакт кои пациентите го обавуваат по појавувањето на симптомите и токму затоа и тие треба да се обучуваат дополнително за овие заболувања, со цел што порано да го испратат пациентот во Ревматолошката клиника.

Невладината организација НОРА, на овогодинешниот Конгрес кој се одра во Охрид  доби плакета за особен придонес во развојот на ревматологијата во РМ. Од неколкуте плакати кои беа доделени на Конгресот, само една беше наменета за граѓанскиот сектор и истата и се додели на НОРА. Со ова повторно се докажува дека работата и напорите кои ги вложува НОРА се видливи и носат вистински резултати. На Конгресот се зборуваше за најсовремените достигнувања од областа на ревматологијата, како тие се имплементираат кај нас и нивното значење за нашата држава и здравјето на граѓаните во неа.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK