Чет10222020

Последна промена09:46:58 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија СМС порака ќе чини 1,25 денари

СМС порака ќе чини 1,25 денари

Сподели

Цената на СМС пораките од  5денари ќе се намали  на 1,25 денари.

 

Цената на СМС треба да се намали за 75 отсто, сметаат од Агенцијата за електронски комуникации (АЕK). Предлогот да се намали големопродажната цена на кусите пораки од сегашните 2 денара за порака на 0,50 денари веќе е на јавна расправа, која ќе трае до крајот на месецот. Во овој период трите мобилни оператори треба да се изјаснат за него. Ова би значело дека малопродажните цени на пораките, кои сега чинат 5 денари, ќе се намалат на 1,25 денар.

 

Во АЕK претходно најавија дека цената на пораките треба да се намали со оглед дека Македонија е меѓу европските земји што имаат поголеми големопродажни цени. Kај нас големопродажната цена сега е 3,25 евроценти, а, на пример, во Франција е 1 евроцент, во Полска 1,22, а во Данска е 1,07 евроцент. Агенцијата побара од трите мобилни оператори цените за интерконекција што ги нудат да бидат базирани на трошоците и смета дека нивните сегашни цени не се соодветни на реалните трошоци.

 

Намалувањето на цените на пораките, како што велат познавачите, е од интерес и на самите мобилни компании бидејќи статистиката покажува дека се праќаат с` помалку пораки. Овој дел од профитниот колач с` повеќе го губат поради бесплатните мобилни апликации какви што се вајбер, танго, скајп и други наменети за паметните телефони.

 

Дека паѓа бројот на испратените пораки покажуваат и новите податоци на АЕK за телекомуникацискиот пазар. Според анализата, во второто тримесечје споредено со првото биле испратени 15.000 пораки помалку, што е пад од над 13 отсто. Намалување за 7,23 отсто има и во однос на вториот квартал од 2012 година. За разлика од цените на разговорите, кои од година во година се намалуваат, а мобилните оператори нудат различни пакети, при што последните се со неограничени минути во сопствената мрежа и се` поголема минутажа кон другите мрежи, цената на СМС долго остана непроменета. Затоа и с` повеќе претплатници сметаат дека е поевтино да се сврти некој број отколку да се прати порака. Според анализата на АЕK на пазарот, во вториот квартал корисниците повеќе зборувале на телефон и во сопствената и кон другите мрежи./ Извор Дневник 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK