Саб01202018

Последна промена10:23:23 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Се е средено околу погребот на младиот Дејан

Се е средено околу погребот на младиот Дејан

Сподели

Денес охридската јавност е преплавена со безброј коментари за собирање на финансиски средства за погреб на 20 годишниот Дејан Трајчески, кој вчера трагиочно го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа. 

 

Вистина е дека семејството на Дејан е во тешка финансиска состојба , но сите трошоци за пгребот се договорени и средени уште од вчера. Погребалното претпријатие „Мирен сон“ бесплатно ќе го зиврши погребот со комплетната потребна погребална опрема. Општина Охрид и Црвен крст ќе се погрижат за сите останати трошоци, околу капелата и ресторан, дознава Охриднет од официјални извори. 

Навистина е некоректно да се шират невистини дека се уште се собираат финансиски средства за погребот кога тоа е завршено. Во овие тешки моменти да не нанесуваме дополнителен товар  на сиротото семејство,  кое бескрајно тагува по еден загубен млад живот. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK