Вто10162018

Последна промена11:37:35 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Силен земјотрес повторно во Охрид

Силен земјотрес повторно во Охрид

Сподели

Силен земјотрес повторно ги вознемири охриѓани. Точно во 11 39 ч  на охридското подрачје беше почуствуван земјотрес со јачина од  4 степени по европската макросеизмичка скала.

Епицентарот бил на 8 километри источно од Охрид на длабочина од 3 километри во близина на Подмолје, но го почуствуваа и во Ресен, Струга и Битола.

 

Граѓаните во паника ги напуштаа своите домови,  а делови од градот останаа без струја. За среќа нема материјална штета,  ниту повредени само вознемирени граѓани но и уплашени  туристи. Раскажуваат дека за време на земјотресот слушнале и силна бучава.

 

Тлото во регионот не мирува од 20 јуни. За десет денови се случија повеќе од 800 земјотреси. И утрово во 9 58 часот регистриран е уште еден послаб земјотрес со јачина од 2.7 степени. Серијата земјотреси не предизвикаа никакви материјални штети во регионот.

 

Новинар Соња Рилковска

 

Канал 5 ТВ

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK