Чет12142017

Последна промена11:37:58 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид „Сообраќајна лектира„ на ОСБПС за поголема безбедност на учениците

„Сообраќајна лектира„ на ОСБПС за поголема безбедност на учениците

Сподели

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа за 2017 година, денес -13.10.2017 година (петок), ќе отпочне со реализација на едукативната кампања „Безбедноста е најважна лекција“.


Кампањата, ќе се реализира во текот на овој месец во соработка со Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот заедно со учениците од трето одделение при основните училишта во Охрид. Предвидено е, претставници на ОСБСП, да ги посетат основните училишта и на третоодделенците да им поделат сообраќајно-едукативна брошура „Сообраќајна лектира“, во која, илустративно се поместени неколку основни правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот, информира претседателот на ОСБСП Охрид Стефан Димоски.


Едукативната кампања „Безбедноста е најважна лекција“ започнува денес во 10 часот во ОУ „Григор Прличев“ каде, на средбата со учениците од трето одделение ќе присуствува и униформиран полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид, кој ќе помогне во практичната реализација на кампањата и низ разговор со учениците, ќе ги запознае со основните сообраќајни правила и прописи.
Целта на оваа сообраќајно-воспитна манифестација е едукација и издигнување на сообраќајно-техничката култура кај најмладите, запознавање со сообраќајните правила и прописи и нивно максимално почитување со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK