Чет11152018

Последна промена07:54:21 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид 2017 успешна за охридските бизнисмени!

2017 успешна за охридските бизнисмени!

Сподели

2017 година успешна за локалните бизнисмени, менаџери, адвокати....

 Славчо Андрески, менаџер на „Братство-Инокс“


2017 година што за секогаш ја оставаме зад нас, за компанијата „Братство Инокс“ беа успешни 365 дена. Околу нашето мото „СЕКОГАШ ДА ПОНУДИМЕ ВРВЕН КВАЛИТЕТ ПО ДОСТАПНИ ЦЕНИ“, и во оваа година на заминување, се вложија сите вработени во компанијата, работевме заедно, вредно, посветено и одговорно. „Братство Инокс“, својата долгогодишната традиција на производство на висококвалитетни иноксни производи ја збогати и значително го зголеми капацитет во металопреработувачката индустрија. Го започнуваме проектот за производство на препознатливите садови од брендот „БИСЕР" за готвење без маснотии и имплементиравме соодветни стандарди за производи на вакви практични и за граѓаните корисни садови за готвење. Врвниот квалитет на нашите производи е нашата стратешка определба а за софистицираноста и долготрајоста на нашите производи, го усвоивме и имплементиравме мноштво меѓународно признати стандарди:ISO 9001 стандард за квалитет и EN 15085 стандард за опрема за железници, заварување на железнички возила и компоненти. Покрај овие зафати, направивме и работни ангажмани наменети за железничкиот сообраќај како и инвестиции и на полето на енергетиката. Инвестиравме во висока технологија за производство на трансформатори (струјни и напонски).Го зголемивме нашиот капацитет во металопреработувачката индустрија. На овај начин ја зацврстивме соработката со постојаните и придобивме нови домашни и странски партнери. Значително се заангажиравме со подружницата на „Братство“ -ковачнница во Скопје која е единствен капацитет од таков вид на овие простории која секоја година го зголемува обемот на работа.
„Братство“ е компанија со долга традиција чии производите се изработуваат од високо квалитетни репроматеријали од западноевропско потекло. Садовите се продуцираат по принципот на сендвич дно, што овозможува рамномерна распределба на топлината и нејзината максимална искористеност. Со посебна гордост истакнувам дека имаме вреден тим вработени кои се одговорни и чесни и кои напорно работаат постигнувајќи светски квалитет и стандарди.
На семеен план, мојата најголема подршка и инспирација за секој следен предизвик е семејството и заедничкиот дом. Тука ја наоѓам мојата оаза и оттука ја црпам енергијата за предизвиците и работните ангажмани. Искрено признавам дека не би можеле да ги постигниме успесите без постојаната подршка и посветеност на семејството и нашите вработени. На мојот колектив-на сите вработени, на целото мое семејство и секако на сите граѓани, им ги честитам Новогодишните и Божиќните празници и им посакувам многу здравје, среќа и задоволство, семеен мир и хармонија во следната 2018 година. Посакувам Дедо Мраз да ни помогне и да се оствари моја визија и желба-Охрид повторно да се издигне во прпознатливо индустриски центар во регионот.

Мишел Наумоски - адвокат 

Годината што измина беше година на едни од најголемите премрежја кои ги минувавме и како град и како држава. Година во која на моменти на конец висеше се и година во која се случија многу пресврти. И двете нивоа на власт централно и локално доживеаа голема политичка промена,  но се уште нема суштинска промена кон подобрување на сите процеси. Мојата лична желба е и како град во кој живеам и работам да доживееме конечно смисла за која вреди да се работи и твори во него. Верувам дека има сила и идеи,  во голема маса на интелектуалци кои можат да дадат допринос , Мојот роден град и Р. Македонија излезат од овој лавиринт на безумие....

На личен план ова ми беше година исто така на голема промена во контекст на позитивен напредок во мојата стручна кариера, излегување на отворено во полето на адвокатската дејност и целосно посветување во истата.

Асим Меџедович - директор на ТА Фибула 

Годината што изминува ќе ја паметиме по динамиката која што ја имавме во државата.Мислам на целокупните збиднувања кои што влијаеа негативно и позитвно.Сепак,туризмот и покрај сите проблеми што се случуваа и и штетеа на економијата во државата, успеа да бележи успеси.„Фибула“, годинава повторно прва отвори нов пазар и донесе туристи организирани со чартер летови од Полска. Холанѓаните, белгијанците, турците и малезијците се веке дел од нашите туристички проекти што трааат веќе 6 години.Работевме тимски, сложно, напорно и неуморно и сакавме се да биде беспрекорно при престојот за нашите туристи. Беше една силна раздвиженост, направивме многу контакти, консултации со домашни и странски туристички работници и хотелиери. Сакаме се да биде перфектно, да се задоволни туристите, да го пренесуваат задоволството понатаму во своите земји и да ја препорачуваат Македонија како прекрасна туристичка дестинација и убава туристичка приказна.

Претстојната 2018-та очекуваме да биде многу помирна и со попозитивна клима и амбиент за работа на туристичките работници.Ова ќе овозмози поголем развој на туризмот и нагорни тредндови за охридско-струшкото крајбрежје но и за останатите туристички локалитети во Македонија во светски рамки. На сите наши граѓани, им ја честитам Новата 2018 година и претстојните празници, им посакувам многу здравје и среќни мигови во семејствата. Секое добро за сите наши граѓани.

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK