Чет02222018

Последна промена05:26:51 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Кризниот штаб на терен, во охридско проодни сите патишта

Кризниот штаб на терен, во охридско проодни сите патишта

Сподели

Општинскиот штаб за заштита и спасување цела ноќ на терен.

Со сета механизација и човечки ресурси сите јавни претпријатија и Противожарната единица ги расчистуваат штетите од невремето. 

Отстранети се сите дрвја, гранки, кабли и бандери кои гопречуваа сообраќајот. Најтешко било расчистувањето на повисоките населени места надвор од градот, но екипите на јавните претпијатија со напорна работа успеаа  да ги отворат за сообраќај патиштата до сите охридски села. 

-„Санирани беа оштетувањата, дрвата беа отстранети од коловозите каде што беа паднати бандерите беа исто така и подигнати беа жиците за да може нормално да се одвива сообраќајот. Исто така имавме проблеми за чистењето на снегот во повисоките населени места“, изјави Томе Наневски началник на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

- „Беше вклучена целата расположлива механизација од јавите претпријатија. На терен беа излезени во текот на ноќта педесеттина луѓе кои успешно ја завршија работата“, изјави Сашо Ставрески командант на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK