Чет11152018

Последна промена07:54:21 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Вознемирувачко видео од напад на кучиња врз дете

Вознемирувачко видео од напад на кучиња врз дете

Сподели

Низ социјалните мрежи кружи видео како куче напаѓа дете.

Вознемирувачко видео се појави на Фб и на неколку други социјални мрежи како две кучиња напаѓаат дете во двор од зграда. Кучињата го совладуваат и го касаат детето кое паѓа на плочникот. Залудни се обидите на неколку повозрасни да ги оттргнат.Видетот доживува бројни споделувања и бројни коментари да се презема нешто за заштита и слични апели. Повторно зачестија напади на кучиња, за среќа во Охрид без фатални последици. Во Дебар жена беше буквално растргната а пред два дена јавноста ја потресе веста за смртта на младото девојќе од Гостивар кое, бегајќи од напад на глутница кучиња, падна во Вардар и се удави.Време е посериозно да се пристапи кон решавање на овој проблем и кон зголемена безбедност на граѓаните и нивна заштита од нападите на кучиња.

Напоменуваме видеото е вознемирувачко. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK