Чет11152018

Последна промена07:54:21 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Нема веќе пари за трето дете

Нема веќе пари за трето дете

Сподели

Државата нема да плаќа по 8 илјади денари месечно за трето дете.

Со новата измена за трето дете ќе се одбива еднократна парична помош во висина од 60 илјади денари. Иако практично значи дека таа мерка се укинува, а се воведува нова, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вели дека станува збор за трансформација. Според новиот закон се предвидува:

Досегашните мерки за финансиска помош за трето дете, според министерката Царовска не ги дале очекуваните резултати за пораст на наталитетот, а на државата и донеле загуба од над 2 милијарди денари.

26 илјади семејства кои досега добиваа по 8 илјади денари месечно ќе продолжат да ја примаат оваа помош додека детето наполни 10 години. Стариот закон ќе ги опфати и брачните двојки кои ќе добијат трето дете во следните 10 месеци, од стапувањето на законот во сила. Мерката за трето дете беше донесена во 2009 во владата на ВМРО-ДПМНЕ.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK