Вто12072021

Последна промена04:32:00 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Георгиески: Нов современ здравствен дом во Охрид

Георгиески: Нов современ здравствен дом во Охрид

Сподели

 

Здравствен дом во близина на охридската Општа болница.

Градоначалничкиот кандидат на СДСМ Охрид, денеска најави изградба на Здравствен дом на просторот во близина на охридската Општа болница.
- Долги години наназад просторните услови во примарниот здравствен сектор во Охрид се во многу лоша состојба. Објектите каде што се сместени службите за примарна здравствена медицина се многу амортизирани и веќе не ги задоволуваат основните стандарди кои треба да ги поседуваат објектите за ваква намена.Здравствениот персонал е принуден да функционира во многу лоши работни услови, а пациентите не можат да го добијат потребното ниво на квалитетна здравствена услуга. Ова се однесува и на објектот на поранешната Маларична болница и на објеките во населбата Воска каде што е сместена управата на Здравствениот дом, истакна кандидатот Георгиески на денешната прес конференција.Кажа дека со поддршка на Министерството за здравство, конечно се преземени конкретни активности за изградба на нов објект на Здравствен дом на просторот во близина на охридската Општа болница.
- Ние како Локална самоуправа ќе ја дадеме потребната поддршка во однос на целокупната документација за градба и обезбедување на комуналната инфраструктура на просторот. Основната цел е овој објект да биде изграден по сите современи стандарди.Според изработениот проект, објектот ќе биде составен од две блоковски структури, приземје и кат и приземје и два ката, како и дел за администрацијата. Двата објекти ќе бидат поврзани хоризонтално со коридор, а вертикалната комуникација ќе биде со скали и лифт.Во новиот современ здравствен дом ќе бидат сместени службата за итна медицинска помош, педијатри, одделение за инфузии, лабораторија, диспанзер за деца од предшколска и школска возраст, трудова медицина, служба за рендген, патронажна служба, како и концесионери стоматолози и детска стоматологија, напомена Георгиески.Додаде дека со овие инвестиции покажуваме дека знаеме да определиме приоритетите, работиме посветено, одговорно и домаќински за доброто на сите граѓани.
- Нашата намера е искрена и препознаена, Охрид заслужува да оди напред, охриѓани заслужуваат повеќе! На 21-ви април одиме на уште една голема победа!Заедно Напред, За Охрид, порача градоначалничкиот кандидат на СДСМ Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK