Саб02222020

Последна промена11:37:16 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охрид ќе добие дигитален атлас со 130 објекти од културно значење

Охрид ќе добие дигитален атлас со 130 објекти од културно значење

Сподели

Ќе се дигитализира културното наследство во Охрид.  За прв пат во Македонија, како пилот проект на УНЕСКО ќ е се изработи дигитална база со податоци за 130 објекти , кои се од извонредно значење за градот Охрид.

Објектите ќе бидат сликани и претставени со детален опис во поглед на  нивното историско, културно и верско значење.

Целта  е  да се заштити и промовира културното наследство на градот Охрид , како и  да се подигне свеста на жителите, младите и туристите за значењето и заштитата  на изобилното културно наследство во градот , кое за жал не е доволно валоризирано.

-„За прв пат Охрид ќе добие  со овој рпоект дигитален атлас на градот, единствена општина засега во Македонија  и во понатамошната фаза преку овој систем  ќе се формира соодветна прмотивна палтформа меѓутоа и  едукативна. Промоциата е многу важна за Охрид со цел да овој проект  го промовираме и да влијаеме на свеста за заштита на културното анследство, но и да креираме тематски видови на туризам како училишиен , културен туризам за археолози, а притоа да ја задржиме автентичноста на објектите да ги спасиме од рушење“  , вели Антонио Балески проект менаџер. 

На терен ќе се документира во каква состојба се објектите од културно значење. Со дигитализацијата на кутлруното наследство локалната заедница и екпертите заедно ќе се грижат за заштита, санација и конзервација на вредното богатство.

 –„Системот за дигитализацја ХЕРМЕС  е направен во периодот од 2004 до 2010 со шест годишно истражување. Беше спроведе прво во Грција на островот Сирос. Таму дигитализираве 1209 објекти . Откако ги документиравме објектите, како што ќе направиме и во Охрид ние не предлагаме конзерцвационен план само според мислењето на екпертите и стручната јавност. Ние бараме мислење и од локалното население. Го соединуваме мислењето на експерите и локалната заедница па од него зивлекуваме порака. Ако сакаме да го зачуваме културното наследство мораме да ја  консултираме и локаланта заедница “ , вели  професор д-р Павлос Хаџи Григориу.

 „Се надевам проектот успешно ќе заврши и на крај ќе имаме дигитализирано култруно наследтво за Охрид , кое ќе придонесе и во едукативни цели и во развој  за туризмот меѓутоа и за општина  Охрид да го следи културното наследство, да ги збогатува содржините што се во таа дигитализирана мапа и да се користи за сите анмени за кои е преедвидена. Дигитализацијата треба да го опфати целото кутлруно наследство што го имаме во Р Макдонија  и сите тие податоци кои ќе се во тој дигитализиран систем да ни кроистат на сите нас и за туристите и за властите“, изјави  Цветко Андреески декан на ФТУ Охрид.

-Според градоначалникот на Охрид Константин Георгиески  имплементацијата на овој проект во Охрид се поклопува со  заложбите и плановите  на општината  за подобрување на состојбата со заштитата на природното и културното наследство во Охридскиот регион и зачувувањето на статусот на УНЕСКО.  

-„Со низа мерки и активности веќе ја поведовме битката за зачувување на Охрид и преку посветена работа ќе ги вложиме сите напори за спречување на понатамошната деградација и девастација на овој регион и ќе се обидеме да ги поправиме сите штети кои се направени во минатото, Убеден сум, дека ќе успееме да извојуваме победа во целокупниот овој процес и дека нашиот регион ќе биде еден позитивен пример за исполнување на сите препораки кои ни се дадени од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, во насока на зачувување на статусот на заштитено подрачје“ рече Георгиески.

Охрид е еден од четирите градови на Унеско вклучени во овој пилот проект заедно со Крф, Самос, и Гирокастро од Албанија.  Дигиталниот атлас се очекува да биде готов  за околу една година, тој  ќе биде во сопственст на општина Охрид но ќе може да го користат сите граѓани и туристите.

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK