Пет09202019

Последна промена08:45:41 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Во завршна фаза изградбата на спортска сала во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Во завршна фаза изградбата на спортска сала во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Сподели

Градежните активности околу спортската сала што се наоѓа во склоп на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се во завршна фаза.

Денес, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, со директорот на средното училиште, Сашо Недески, извршија увид за текот на активностите.

Најголемиот дел од активностите за изградба на салата, која се протега на 650 м2, се завршени, а во наредниот период следува финализирање на зафатите и опремување со сите потребни спортски реквизит. Изградбата на салата е дел од проектот „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование и наука, а во соработка со општина Охрид, по што после долги години ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе добие спортска сала по стандарди.

Во рамки на проектот се врши замена на дотраената покривна конструкција и замена на старата дограма. Дополнително училиштето ги реновира дел од училниците, а таквата активност ќе продолжи и во понатамошниот период.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK