Пон10142019

Последна промена08:58:44 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Георгиески: Се знае денот кога започнува уривањето на платформите и дивоградбите

Георгиески: Се знае денот кога започнува уривањето на платформите и дивоградбите

Сподели

Се бројат денови и часови до стартот на акцијата за  расчистување на охридското крајбрежие.

Се знае и денот кога ќе се започне со уривање на дивоградбите , вели градоначалникот Константин Георгиески, кој зесега не открива детали кога точно и од кој објект ќе започне „чистката“.

Запрашан на новинарско прашање:

-Се знае ли кој ден ќе започне рушењето? Да.  Кога ? Скоро , вели Константин Георгиески.

Општината ќе направи се` што е во нејзина надлежност да бидат исполнети препораките од Комиисијата на Унеско за задржување на статусот на градот и регионот како заштитено културно и природно наследство. Покрај Охрид и општина Струга има свои задачи поврзани со крајбрежието, кои мора да ги исполни за да се достигне целта да се исполнат  препораките на Унеско.

 „Секоја општина си има свои задачи кои што треба да ги исполне. Колку што знам и Советот на општина Струга изгласа мораториум за постапка по урбанистички плановиТака да ценам дека двете општини работат во насока на иста цел а тоа е исполнување на препораките на Унеско“, вели градоначалникот Константин Георгиески.

Во меѓувреме интензивно се работи на изготвување на клучниот документ -  Планот за управување со културното и природното наследство. Вчера Георгиески  имаше средба со министерот Адеми на која беше заклучено дека  ќе се реализираат и визиите и целите на Планот кои се однесуваат на контролираната урбанизација, зајакнувањето на капацитетот на надлежните институции, заштитата на природното и културното наследство, одржливиот економски развој и зголемената еколошка функционалност на   Охридскиот регион.

„Планот за управување со охридскиот регион тоа е клучната работа која што Унеско ја бараше од нас како држава. Задоволни сме од тој прогрес. На 22 септември е рокот кога ќе се започне со стратешка евалуација и ќе се испрати планот до Унеско и мислам дека односно уверен сум дека ќе ги запазиме роковите и во прогрес импортот кој треба да го доставиме до Унеско до февруари ќе стои дека Планот за управување со регионот е донесен“,објаснува градоначалникот Георгиески.

Георгиески ги повика угостителите час поскоро да започнат со отстранување на платформите и  тераси во езерото, во спротивно тоа ќе го направи општина Охрид  на нивна сметка.

Нвинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK