Пет12132019

Последна промена10:51:46 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Повеќе награди за охридските ученици на натпреварот во Пореч

Повеќе награди за охридските ученици на натпреварот во Пореч

Сподели

Од 10 до 13 октомври учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, заедно со своите ментори и директорот на училиштето беа дел од меѓународниот натпревар на угостителско- туристички училишта ГАТУС 2019.

 

Натпреварот се одржа во Пореч, Хрватска каде учествуваа 170 учесници од 15 училишта.Учесниците, покрај натпреварувачкиот дел, разменуваа искуства, запознаваа примери на добра пракса и ја прошируваа меѓусебната соработка.

ОУТУ „ Ванчо Питошески“ како единствен учесник од Република Северна Македонија се натпреваруваше во следните три дисциплини:

  • Готварство со слаткарство (се натпреваруваа учениците: Кристијан Тошески, Марко Илиески и Стефан Аврамоски под менторство на Војо Ангелоски и освоија бронзен медал)
  • Поставување свечена маса и подготвување коктел (се натпреваруваа учениците: Ана Марија Крстеска, Александар Камчевски и Џабир Далипоски под менторство на професор Зоран Наневски и освоија сребрен медал)
  • Претставување на дестинација и изработка на туристички аранжман (се натпреваруваа учениците: Силвија Кацеминовска, Сара Џелили и Сабина Џелили под менторство на професор Елена Митреска и освоија сребрен медал)

Домаќин на следниот меѓународен натпревар ГАТУС 2020 ќе биде ОУТУ „Ванчо Питошески“ .

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK