Чет06042020

Последна промена11:46:45 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охридската полициска асоцијација доби нова донација

Охридската полициска асоцијација доби нова донација

Сподели

1000 заштитни маски доби денеска ИПА Охрид.

По иницијативата на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Регион Охрид, за набавка и дистрибуција на заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција, наменета за полициските службеници, денеска, нивниот ИПА партнер, струшкиот кафе бар „Грифон“, донираше
1000 високо квалитетни и повеќе наменски заштитни маски. Донацијата со која „Грифон“ најпрактично ја покажа грижата за здравјето на полициските службеници, ја прими претседателот на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Регион Охрид и портпарол на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски.
- Деновиве, заштитните маски ќе бидат дистрибуирани до полициските службеници во полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, кои деноноќно се на терен и несебично се ангажирани во спроведувањето на бројни и сложени безбедносни мерки за заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Во овие тешки денови на пандемија, кога смртоносниот вирус коси низ Македонија и светот, овој хуман и солидарен гест на „Грифон“ е вреден за почит. Донацијата од 1000 заштитни маски, значително ќе придонесе за подобро опремување на полициските службеници со толку неопходните заштитни маски, ќе го зголем степенот на безбедност во нивната работа но и за зачувување на нивното здравје, напиша Димоски на својот ФБ портал..
Тој, искажа јавна благодарност до донаторот поздравувајќи ги сите ИПА членови и пријатели со нивниот интернационален поздрав.

SERVO PER AMIKECO-Служиме преку пријателство.

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK