Пет07102020

Последна промена07:02:02 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Национален парк Галичица ги обновува информативните табли и патокази

Национален парк Галичица ги обновува информативните табли и патокази

Сподели

Националниот парк Галичица е една од најпосетените туристички детинации во Република Северна Македонија. Во последните неколку години, се забележува значајна промена во поглед на барањата на посетителите. 

Секоја година се забележува тренд на зголемување на бројот на посетители кои уживаат во активности на отворено. 

Поради тоа беше потребна ревитализација на системот на патеки (во вкупна должина од 202,6 километри) и обновување на информативните табли и патокази. 

Ревитализацијата на системот на патеки започна во април 2020 година, но заради ситуацијата со пандемијата на КОВИД 19, активностите беа со намален интензитет, секако, во согласност со мерките и препораките на Владата за заштита и превенција од Коронавирусот КОВИД 19. Ревитализацијата ќе биде завршена кон крајот на јуни 2020. 

Со обновувањето на инфраструктурата долж системот на патеки ќе бидат целосно заменети 66 информативни табли и повеќе од 100 патокази. 

Исто така, во текот на 2020 година, по Одлука на Директорот на ЈУНПГ беа спроведени активности за изработка на План за управување со НПГ (2021-2030 година). Активностите ги спроведоа внатрешните членови на тимот за планирање, вработени лица во установата. Во подготовката на овој основен плански документ учествуваа и надворешните членови на тимот за планирање, кои се претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, стручни невладини организации и институции од областа на животната средина. Планирано е заклучно со 31 декември 2020 година Планот за управување со НПГ да биде одобрен и донесен. 

Во текот на 2018 година, ЈУНПГ започна со трансформација на своето работење во делот на обезбедување средства со кои се финансира заштитата на природата. Дотогашната пракса за целосно покривање на оперативните трошоци со приходи добиени од директно искористување на природните ресурси (главно сеча и производство на огревно дрво) почна да се менува со зголемување на приходите генерирани од туризам. Во 2020 година, ЈУНПГ донесе одлука за целосно запирање со директното искористување на природните ресурси, т.е. прекин на производството на огревно дрво. 

Примарната цел на управување со Националниот парк e насочена кон заштита на природните и полу-природните екосистеми. Една од клучните вредности на Паркот се планинските пасишта (тревни екосистеми) кои имаат двојна вредност. Од една страна, се жариште на биолошката разновидност, а од друга страна претставуваат значаен предел настанат со взаемна интеракција на природата и човекот, преку нивно вековно традиционално користење. Една од главните задачи на ЈУНПГ е преку активно управување со овие живеалишта да ја зачува нивната вредност. 

За таа цел беше пристапено кон определување и обележување на површина на која подоцна (кон крајот на 2019 година) беше оформен и репродуктивниот центар за европски елен, со дополнително внатрешно оградување за: центар за спасување и рехабилитација за повредени и конфискувани животни, како и прилагодлива (карантинска) област.

Репродуктивниот центар е со површина од 86 хектари и се наоѓа на локалитететот „Косто бачило“. Во него  се сместени 30 единки, од кои 24 женки и 6 мажјаци (заклучно со декември 2019 година), а во мај 2020 година беше добиена и првата принова од млади единки. 

 

 

Национален парк Галичица ги обновува информативните табли и патокази

 

Националниот парк Галичица е една од најпосетените туристички детинации во Република Северна Македонија. Во последните неколку години, се забележува значајна промена во поглед на барањата на посетителите.  Секоја година се забележува тренд на зголемување на бројот на посетители кои уживаат во активности на отворено.

Поради тоа беше потребна ревитализација на системот на патеки (во вкупна должина од 202,6 километри) и обновување на информативните табли и патокази.

Ревитализацијата на системот на патеки започна во април 2020 година, но заради ситуацијата со пандемијата на КОВИД 19, активностите беа со намален интензитет, секако, во согласност со мерките и препораките на Владата за заштита и превенција од Коронавирусот КОВИД 19. Ревитализацијата ќе биде завршена кон крајот на јуни 2020.

Со обновувањето на инфраструктурата долж системот на патеки ќе бидат целосно заменети 66 информативни табли и повеќе од 100 патокази.

Исто така, во текот на 2020 година, по Одлука на Директорот на ЈУНПГ беа спроведени активности за изработка на План за управување со НПГ (2021-2030 година). Активностите ги спроведоа внатрешните членови на тимот за планирање, вработени лица во установата. Во подготовката на овој основен плански документ учествуваа и надворешните членови на тимот за планирање, кои се претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, стручни невладини организации и институции од областа на животната средина. Планирано е заклучно со 31 декември 2020 година Планот за управување со НПГ да биде одобрен и донесен.

Во текот на 2018 година, ЈУНПГ започна со трансформација на своето работење во делот на обезбедување средства со кои се финансира заштитата на природата. Дотогашната пракса за целосно покривање на оперативните трошоци со приходи добиени од директно искористување на природните ресурси (главно сеча и производство на огревно дрво) почна да се менува со зголемување на приходите генерирани од туризам. Во 2020 година, ЈУНПГ донесе одлука за целосно запирање со директното искористување на природните ресурси, т.е. прекин на производството на огревно дрво.

Примарната цел на управување со Националниот парк e насочена кон заштита на природните и полу-природните екосистеми. Една од клучните вредности на Паркот се планинските пасишта (тревни екосистеми) кои имаат двојна вредност. Од една страна, се жариште на биолошката разновидност, а од друга страна претставуваат значаен предел настанат со взаемна интеракција на природата и човекот, преку нивно вековно традиционално користење. Една од главните задачи на ЈУНПГ е преку активно управување со овие живеалишта да ја зачува нивната вредност.

За таа цел беше пристапено кон определување и обележување на површина на која подоцна (кон крајот на 2019 година) беше оформен и репродуктивниот центар за европски елен, со дополнително внатрешно оградување за: центар за спасување и рехабилитација за повредени и конфискувани животни, како и прилагодлива (карантинска) област.

Репродуктивниот центар е со површина од 86 хектари и се наоѓа на локалитететот „Косто бачило“. Во него  се сместени 30 единки, од кои 24 женки и 6 мажјаци (заклучно со декември 2019 година), а во мај 2020 година беше добиена и првата принова од млади единки.

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK