Пет07102020

Последна промена07:02:02 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охридските советници под лупа на „Инклузија“

Охридските советници под лупа на „Инклузија“

Сподели

Здружението за мултикултурна интеграција "Инклузија" од Охрид, ја спроведе првата фаза од проектот "Мојот советник под лупа", со цел зголемување на транспарентноста, отчетноста и доброто владеење на локалната самоуправа и запознавање на јавноста со работата на нивните претставници во општината.

 

Согласно официјалните записници од одржаните седници на советот на општина Охрид, кои се добиени според законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, во периодот од јануари 2019-та до март 2020 година, најголем број излагања на седниците, 80, имал Кирил Пецаков, советник и координатор на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

По него следуваат Лидија Петкоска од ВМРО – ДПМНЕ, со 52 излагања , Гордана Коњановска од ВМРО – ДПМНЕ со 37 излагања, Живка Ангелоска, претседателка на советот на општина Охрид од редовите на СДСМ со 34 излагања и Гоце Георгиески од ВМРО – ДПМНЕ, со вкупно 31 излагање.

Во однос на советничките прашања Советникот Мишел Силјаноски од СДСМ поставил две, исто колку и Гоце Георгиески од ВМРО – ДПМНЕ.
Советникот Кирил Пецаков од ВМРО – ДПМНЕ поставил три прашања, Сашо Ставрески од СДСМ едно, Гордана Коњановска од ВМРО – ДПМНЕ две прашања, Џемал Мена од БЕСА поставил три прашања, советникот Џанер Исмаил од турската демократска партија поставил две прашања.

Исто така, две прашања поставил и советникот Илија Арнаудоски од ВМРО – ДПМНЕ. Советникот Нефи Усеини од ДУИ поставил две, а советничката Марија Попоска, упатила едно прашање. Меѓу другото, по три прашања поставиле и Лидија Петкоска и Дејан Шикоски од ВМРО – ДПМНЕ.

Од останатите советници, Илија Арнаудоски од ВМРО – ДПМНЕ имал 12 излагања, Мишел Силјаноски од СДСМ 8, Марија Попоска дискутирала 6 пати, Рената Арнаудова од ЛДП се пријавила за 5 дискусии, Снежана Стефаноска од ВМРО – ДПМНЕ дискутирала два пати, исто колку и советникот Џанер Исмаил. Дејан Шикоски од ВМРО – ДПМНЕ се јавил за дискусија 3 пати, исто колку иу Сашо Ставрески од СДСМ.
Нефи Усеини од ДУИ и Ристо Николески од СДСМ, дискутирале вкупно 4 пати.

Едно излагање имал Александар Попоски од социјалистичката партија, како и Џемал Мена од БЕСА, Филип Јовановски од ВМРО – Народна партија.

Излагањата во врска со работата на комисиите, не се сметаат во предвид како излагања на советниците.

Без ниту едно излагање или поставено советничко прашање се Ристе Булоски и Елеонора Куноска од СДСМ и независните советници Џенгиз Реџеп и Бесим Демиров, како и Славица Петровска од ВМРО – ДПМНЕ.

Во овој период, иницијативи и предлог амандмани поднеле Лидија Петкоска, Гоце Георгиески, Славица Петровска, Џемал Мена и Филип Јовановски.

Здружението ги подготвува овие анализи, не со цел да укаже на евентуален недостаток во работатата на советниците од аспект на нивната служба кон граѓаните, туку, напротив, за да се зголеми информираноста на самите граѓани во делот на застапувањето на нивните проблеми и потреби непосредно преку оние кои тие ги изгласале, како нивни репрезенти во локалната власт.

На тој начин, од „Инклузија“ сметаат дека ќе се зголеми отчетноста и транспарентноста на самите советници, во однос на реализацијата на нивните програми, во насока на нивно поттикнување да покажат подобри и поефективни резултати во периодот до наредните локални избори.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK