Чет08132020

Последна промена01:52:28 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Корона вирусот зеде 5 жртви од Охрид , 26 од струшко

Корона вирусот зеде 5 жртви од Охрид , 26 од струшко

Сподели

Неделна статистика на корона вирусот од Центарот за јавно здравје Охрид.

За период од 27 јуни до 03 јули 2020 г.


- Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 280 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 129 лица, во општина Струга и Вевчани 114 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 37 лицa.
- Од вкупно земените материјали, 176 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 73, Струга и Вевчани 66, Дебар и Центар Жупа 37), а 104 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 56, Струга и Вевчани 48, Дебар и Центар Жупа 0)
- Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 50 лица од општина Охрид, кај 52 лица од општина Струга и кај 13 лица од општина Дебар.
- Во Охрид 75 пациенти се на домашно лекување, во Струга 78 пациенти се на домашно лекување, а во Дебар 10 пациенти се на домашно лекување.
- Активни случаи во Охрид се 161, во Струга 148, а во Дебар 51.
- Во овој период оздравени се 9 лица од Охрид, 10 лица од Струга и 4 лица од Дебар
- Во овој период починати се 1 лице од општина Охрид и 6 лица од општина Струга.

Од почетокот на епидемијата до 03 јули 2020:
-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 537 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 190 лица во општина Охрид и Дебрца, 245 лице во општина Струга и Вевчани и 103 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 29, од Струга се 97, а од Дебар и Центар Жупа се 52 пациенти
-од општина Охрид и Дебарца има 5 починати пациенти, од општина Струга се починати 26, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4 лица

Почитувани сограѓани,
Епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Коронавирусот сеуште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK