Чет08132020

Последна промена01:52:28 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Портрет: Запознајте ја Грација Бакраческа кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ од Охрид

Портрет: Запознајте ја Грација Бакраческа кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ од Охрид

Сподели

Доктор Грација Бакраческа е нов лик на политичката  сцена, во редовите на една од најголемите и најмоќните  македонски партии ВМРО ДПМНЕ.

Млада , успешна и абициозна жена чие име и презиме како што самата вели-гордо стои на листата на кандидати за пратеници во 5-тата И.Е.

Доктор Бакраческа,охриѓани ја познаваат по нејзиниот впечатлив секогаш, насмеан лик кој зрачи со ведрина, срдечност,непосредност.

-„Не ги делам  луѓето по вера, нација,или интелектуална наобразба, за мене постојат само луѓе и нелуѓе. Секогаш и секому сум  подготвена да му подадам  рака,да му помогнам ,дури и на оние за кои знаам дека човештината не ги краси“, вели Бакраческа за Охриднет.ком.

Племенитоста како карактерна особина вели  ја наследила од својот татко Д-р- Славко Бакрачески - еден од доајените во македонската анестезиологија и основоположник на првата анестезиолошка служба во Медицински центар – Охрид во 1978 година.

-Во овие мигови кога скромно и по малку срамежливо, но одлучно,но со сигурен и цврст чекор одам по патот кој сама го трасирав, највеќе ми недостасува мојот татко, кој ме научи да се борам, да ги остварувам своите идеали, да бидам добар човек и никогаш да не заборавам од каде потекнувам. Како одличен ученик во основно и средно образование, воопшто не се двоумев каде ќе го продолжам високото образование, вели Бакраческа.  

Грација започнува   да работи како доктор по стоматологија во РЕ Стоматологија при ЈЗУ Медицински центар. Остварува и специјализација по детска и превентивна стоматологија. Професионалноста и посветеноста во 2007 година ја носат да биде одговорна на Одделот за детска и превентивна стоматологија.

 Во 2013  станува регионален координатор за превенција на орални заболувања на Р.Македонија, а во 2015  и раководител на службата за превентивна стомаолошка заштита и итна стоматолошка помош, во 2018 година станува Претседател на регионален одбор Охрид за подрачјето на општините Охрид и Дебрца при стоматолошката комора на Македонија.

-„Ја одбрав медицината, да бидам искрена, долго се двоумев дали да продолжам по стапките на татко ми, или пак да ја изучувам мојата втора љубов, стоматологијата. И не погрешив, нема ништо по убаво и потопло од детски раце кога ќе ме прегрнат пред да заминат од мојата ординација“, дополнува Бакраческа.

Живее во срцето на Охрид , во стариот дел од градот, со својата мајка која работела како забен асистент денес веќе пензионерка и братот со семејството. Има две внуки кои и` го греат и  со кои го минува најдрагоценото време.

-„Ние сме едно големо и среќно семејство. Едната внука веќе студира медицина. Таа продолжи по стапките на дедо и` и по моите стапки. Доста често ме консултира за многу работи. Тие се изворот на мојата енергија. Врската тетка внуки е навистина посебна“, раскажува Бакраческа.

Една од нејзините најголеми пасии се патувања, спознавање на нови места, отркивање на нови дестинации, култури, народи и традиции.

-„Професионалниот но и политичкиот ангажман, ми оставаат сепомалку време за моите најблиски другарки и другари,но ние сме како едно големо семејство,а нашето другарување  е светост,заедно споделуваме и радост и тага и солзи и смеа. Заедно ги минуваме и одморите, а тоа посебни ме радува бидејќи сакам многу да патувам , да запознавам нови култури, традиции, нови светови, до тогаш за мене не познати. Но сепак, дома си е дома. Мојот роден Охрид не би го менувала за нити едно друго место,тука поинаку се дише.Голем вљубеник сум во пишаниот збор и и секој слободен момент го користам за читање книги од македонски и светски автори,  а музиката особено  ме релаксира и опушта“, вели Бакраческа.

Во политиката е од 2001 година, до ден денес достојно изградила плдна политичка кариера на која е особено горда.

-„Ние македонците сме народ со ѕвезда на челото,срце како планина кое знае  да си ги сака корените. За оваа родна грутка македонска треба сите заедно сплотени да се бориме да си ја сочуваме“-вели Бакраческа, која партиската кариера ја започнува како Член на ВМРО ДПМНЕ од 2001 година. Во 2010 година станува член во претседателство на Месен Комитет Стар Град при ВМРО ДПМНЕ Охрид. Во 2011 претседателка на Комисијата за здраство од Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ О.К. Охрид.

Во 2014 Делегат на Конвенцијата за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија. Во 2016 Член во ОИШ ВМРО ДПМНЕ Охрид, во 2017 Потсекретар на Унија на жени, 2018 претседателка на М.К Стар Град, за во 2019 да биде избрана за член на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Прво што би променила за Охрид е развој на економијата и туризмот како дел од неа  за младите да ја градат својата иднина тука.

-„Една од најважните економски гранки за Охрид и охриѓани е туризмот.Ќе се насочиме кон обнова и развој на целогодишен туризам.Ќе ги задржиме младите, ќе ја намалиме стапката на невработеност и ќе привлечеме домашни и странски инвестиции. Се обврзуваме дека ќе реализираме огромен број проекти со цел да го подобриме целокупниот стандард на граѓаните и ќе ја зајакнеме економијата,Со други зборови нашата цел како идни пратеници од Охрид е да ја вратиме среќата на охриѓани“, вели д-р Бакрческа.

Таа ги повика охриѓани да излезат на 15 јули  и да изберат Обнова за Македонија.

-„На граѓаните би им порачала да излезат и да не поддржат на 15 јули бидејќи нивната поддршка ни е најпотребна во овие мигови а притоа да ги почитуваат здравствените мерки затоа што за мене, како здравствен работник, најважно е здравјето на граѓаните“, вели Бакраческа.

 

 

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK