Чет08132020

Последна промена01:52:28 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Жителите на Чекоштина се жалат на игнорантски однос од општината

Жителите на Чекоштина се жалат на игнорантски однос од општината

Сподели

Помина половина година од нашето формирање и за тоа време ни се приклучија четириесетина членови. Од самиот почеток се обидуваме да воспоставиме контакт заради соработка со органите на локалната самоуправа, градоначалникот и советот. Наидовме на ѕид на молчење и игнорирање, информираат од Чекоштина Урбан. 

 

Со писмо од 2. 2. 2020 г. побаравме да се решат три основни проблеми: да се почне со проектирање и изградба на нов мост наместо постоечкиот Алтанин мост, да се осветли опасниот и руиниран потег на патот кон с. Орман, од Туристичка до мостот и да се воведе систем на улици, согласно деталниот урбанистички план.

Неколку пати, во долгиов период до денес, ургиравме да добиеме одговор. Безуспешно!

Во нашето последно писмо од 30. 6. 2020 г. укажавме и на законската обврска на органите на локалната самоуправа да се изјаснат по иницијативата. Пак ништо!

На овој начин сакаме да ја запознаеме јавноста со нашиот револт од крајно арогантнкиот игнорантски однос, пред се‘ на градоначалникот. Тој со своето нечинење увреди голема група граѓани на својата општина. Но истовремено и ја злоупотреби својата положба, нанесувајќи ни штета по разни основи. Одбивањето дијалог со оние на кои треба да им служи, што треба да му претставува чест и обврска, зборува за, благо речено, неодговорност и непристојност.

Очекуваме ова наше обраќање конечно да ја разбуди свеста на локалците дека ние сме граѓани на општината со еднакви права како и сите и дека нашите проблеми се еднакви со проблемите на другите и дека се должни да пристапат совесно, со потребното внимание и да се зафатат со нивното решавање во границите на можностите и во фер постапка.

Однапред да напоменеме дека вирусот, изборите, активностите околу рушење и градење, приемот на Тимоние, Шеќеринска, Жбогар и сл. - воопшто не се аргументи за неизвршувањето на основните задачи. Сигурно е дека еден телефонски разговор, еден прием на делегација од половина час и малку организација на работите немаше да ја исцрпат работната способност и енергијата на одговорните. Ако нишпто друго, предлогот за именување на улици може да се направи од канцеларија, дури од дома!, пишуват од здружемието. 

 

 

Здружение Чекоштина урбан, Охрид испратило писмо до градоначалникот на 30 јуни:

Почитуван госп. Градоначалник,

Со писмо ор 2. 2. 2020 г. се обративме до Вас и до Советот. Во писмото наведовме три предлог-барања за решавање на виталните проблеми на жителите и корисниците на недвижнини во месноста Чекоштина.

Откако немаше реакција ниту од Вас, ниту од Советот, Ве потсетивме на нашето писмо со нов допис од 2. 3. 2020 г.

Бидејќи и понатаму нема одговор, побаравме преку Вашата секретарка, Изабела, да воспоставиме телефонски контакт со Вас за да се договориме за можната соработка. На неколку ургенции таа одговараше дека Ве информирала за нашето барање, дури праша (во англиски стил): -Како можам да ви помогнам?

Не очекуваме помош од неа, ниту од Вас! Бараме да постапите согласно Законмот за локалната самоуправа, чл. 26 и чл. 29 и, во што е можно покус рок, да примите наша делегација од два члена.

Со почит,

Иван Огненов, претседател

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK